Конференција „Медиумски писмени граѓани за отчетни институции“

Од:

„Медиумски писмени граѓани за отчетни институции“ е темата на 14. меѓународна конференција „Е-општество.мк“ што ќе се одржи денеска во организација на Фондацијата „Метаморфозис“.

На отворањето се најавени обраќања на амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, министрите за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски и на извршната директорка на Фондација Отворено општество – Македонија Фани Каранфилова Пановска.

Најавени се панел-дискусии на темите: „Слобода на изразување и медиуми – до каде сме?“, „Со медиумска писменост против манипулации и дезинформации“ ,„Како до одговорно и отчетно следење на комуникациите“ и „Преку транспарентност до поголема доверба на граѓаните во институциите“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми