Конференција на тема „Итни реформски приоритети: Зајакнување на институционалната рамка во борбата против корупцијата. Има ли напредок?“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупција со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
На конференцијата, со која ќе се одбележи и Меѓународниот ден за борба против корупција, најавено е учество на претседателката на Транспаренси Интернешнл-Македонија Слаѓана Тасева, министерката за правда Рената Дескоска, шефот на Делегацијата на Европската Унија Самуел Жбогар, генералниот секретар на Државната комисија за спречување на корупција Розета Трајан.
На панел дискусијата за улогата на граѓанските организации во борбата против корупцијата ќе учествуваат и амбасадорот на САД Џес Л. Бејли, претседателот на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Марко Трошановски, програмската директорка во Центарот за граѓански комуникации Сабина Факиќ и раководителката на секторот за граѓанско општество во Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка Емина Нурединоска.
На конференцијата ќе има три панел дискусии, на кои ќе учествуваат пратеникот Павле Богоевски, поранешен генералeн секретар во Државната комисија за спречување на корупција Софка Пејовска Дојчиновска, државниот јавен обвиниел Љубомир Јовески, шефот на Делегацијата на Република Македонија во ГРЕКО Ана Павловска Данева, шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје Вилма Русковска, судијка во Уставниот суд на Босна и Херцеговина Маргарита Цаца Николовска и претседателот на Основен суд Кавадарци, Лазар Нанев.