Конференција „Институционален одговор на нетолеранција и дискриминација“

Од:

По повод Меѓународниот ден на толеранцијата – 14 ноември Македонската академија на науките и уметностите организира организира национална конференција на тема „Институционален одговор кон нетолеранцијата – дискриминација и криминал од омраза”.

На конференцијата ќе бидат разработени културолошките стереотипи и предрасуди кои водат кон нетолеранција и преминуваат во дискриминација и потенцијално во криминал од омраза.

Кон оваа тема исто така ќе бидат претставени споредбени искуства за оптималните механизми за борба против ваквите изразни форми на нетолеранција претставени преку практиките на странски тела за еднаквост, судската пракса на судот во Стразбур како и работата на ОДИХР.

На Конференцијата ќе бидат разгледани и домашните механизми за борба против нетолеранцијата и преку панелите ќе бидат изведени препораки како тие да се подобрат.

Во рамки на конференцијата, меѓудругите, воведно обраќање ќе имаат Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ, Лоренс Оер, амбасадорка на Франција акад. Елмар Кун, декан на катедрата за светски религии, член на Европската академија на науките и уметностите…

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи