Конференција „Дипломатијата и депортацијата на Евреите од Македонија во 1943 година“

Од:

Меѓународна научна конференција „Дипломатијата и депортацијата на Евреите од Македонија во 1943 година“ ќе се одржи денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот и 70 години од ослободувањето на логорот Аушвиц.

Конференцијата, во организација на Институтот за национална историја, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Дипломатскиот клуб – Скопје, ќе ја отвори министерот за надворешнни работи Никола Попоски, а за нејзиното значење ќе говори претседателот на Македонската академија на науките и уметностите Владо Камбовски.

Конференцијата има за цел да ги идентификува и да ги истражи односите меѓу државите и состојбите кои влијаеја на депортацијата на Евреите од Македонија и од другите земји.

Со свои реферати ќе учествуваат домашни и странски истражувачи и експерти на овој период од историјата.

Конференцијата е подржана и од Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот од Берлин, во чии активности учествува и Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска

Десница: Длабока почит кон македонските Евреи

Ана Ололовска

Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска