Коневски ветува изградба на 50 нови објекти во Стар Аеродром

Од:

Изградба на повеќе од 50 нови станбени единици на местото на сегашните воени бараки во населбата Стар Аеродром, со комплетна инфраструктура за потребите на жителите, вети денеска градоначалникот на Општина Аеродром и кандидат за уште еден мандат Ивица Коневски.

Конески на прес-конференција истакна дека општината донела детален урбанистички план за тој локалитет во согласност со новиот ГУП, во консултација со граѓаните и нивните потреби.

– На тој начин, граѓаните што живеат во овој дел од општината, конечно по 40 години, ќе добијат подобри услови за живеење, какви што доликуваат на населба, која се наоѓа на неполн километар од центарот на македонската метропола, рече Коневски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија