Коневски: КоцеТрајановски е победничка опција, немам амбиции за градски татко

Од:

Амбиции да бидам градски татко  немам. Градски татко е градоначалникот Коце Трајановски. Тој добро се покажа изминатиот период, изминатите четири години. Има апсолутна поддршка од граѓаните и мислам дека тој е вистинската опција за градот Скопје. Многу покажа, многу докажа и мислам дека таков човек треба да продолжи да го види градот“, вели во интервју за Радио Слободна Европа, Ивица Коневски, градоначалник на Аеродром.

За  дефинитивна партиска  одлука, не е  информиран дека е донесена, но од сите   работи кои се во тек и сите активности кои во изминатите години се направија и се покажаа во градот, мисли  дека  Коце Трајановски е победничка опција.

За обвинувањата дека троши многу пари за фонтани и споменици, пример 500.000 евра за фонтаните на влезот на Аеродром, Коневски вели  дека  единствен критериум на секој тендер во општина Аеродром е цената.Тој што ќе даде најповолна цена во однос на реализација на тој проект, тој го изведува проектот.

Одобрение за градба даваат тие, но вели, училиштата и градинките ги гради општината во соработка со владата, што не е случај со црквите.

„Во делот на црквите ние немаме никаков удел во изградбата, средства по тој однос воопшто не инвестираме. Инвестираме средства исклучиво во инфраструктура, во изградба на училишта, на градинки, за реконструкција на училишта и градинки, патишта, фекални и атмосферски канализации,така да во тој дел таква паралела не можеме да направиме, затоа што општината Аеродром ниту инвестира во цркви, ниту ги гради“, вели Коневски.

Лично смета дека не се потрошени многу средства за фонтаните. Фонтаните,  парковите  што се изградија, вели Коневски,  го подобрија имиџот на  општината  и направија Аеродром да биде поубаво место за живеење.

„Во изминатите години сме сведоци дека Скопје се гради, се работи максимално. Вие може да забележите колку проекти се направени. Сепак дали е кич или не е кич е прашање на вкус. Не можеме да имаме сите ист вкус за одредени работи, но тие градоначалници го добиле мандатот од граѓаните за да реализираат проекти. Дали тие проекти биле кич ќе видиме на следните избори“, вака одговара Коневски на обвинувањата на опозицијата дека таму каде што се градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ преовладува кичот, а барокот ја брише автентичноста на општините.

Би можело да ве интересира

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје

Тепачка во Аеродром: Бабата со тврд предмет го нападнала зетот