ВИДЕО: Коневски избега од соочување со жителите на Аеродром

Од:

Градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски, избега од Општината со својот автомобил, иако жителите сакаа да го прашаат во чии интерес се носи овој Детален урбанистички план, откако советниците на ВМРО-ДПМНЕ го усвоија спорниот план кој е на штета на жителите.

Граѓаните протестираа пред општината, а најавија дека тоа ќе го направат и утре со цел да се повлече планот на што ќе инсистираат и од новата локална власт.

Група граѓани денес се собраа пред седиштето на општина Аеродром откако Советот попладнево ненадејно реши да расправа за донесувањето на спорниот Детален урбанистички план со кој се предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин Дом и покрај Вардар, а кој веќе еднаш беше повлечен по негодување на жителите.

Протестот се одржа пред општинската зграда додека советниците расправаа за донесувањето на планот што како вонредна точка на дневен ред во последен момент ја стави градоначалникот Ивица Конески. Ова се случува непосредно пред крајот на мандатот на овој состав на општинскиот совет и на градоначалникот Конески.

Новиот Детален урбанистички план беше изгласан во Советот на општината со 15 гласа ЗА и 10 гласа против.

Советникот Златко Марин на својот Фејсбук профил претходно повика на граѓански отпор.

„Овој ДУП е оној со којшто ќе се предизвика еколошка катастрофа во Аеродром. Со него се предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин Дом и покрај Вардар За овој ДУП имаше голем граѓански отпор преку акцијата Аеродром сака да дише. Апелирам граѓаните и медиумите да го следат ова самоволие на Коневски, бидејќи ова не смееме да дозволиме да се случи. Најавувам силен отпор на ваквата одлука и борба до крај!“, објави на својот фејсбук профил советникот Златко Марин.

Би можело да ве интересира

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски