Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

Од:

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко во рамки на 151. седница денеска ги повика учесниците и медиумите да го почитуваат изборниот молк пред вториот круг на локалните избори, што започнува вечерва на полноќ и апелираше сите граѓани да го остварат своето право на глас.

– Согласно изборните правила да го почитуваат изборниот молк, после 24 часот вечерва, во текот на утрешниот ден кога гласаат болните и изнемоштени во своите домови, лицата во казнено поправни домови и во старските домови. Исто така сакаме да апелираме сите граѓани да можат да слободно да го остварат своето право на глас, да излезат и да гласаат. Гласањето е лично и тајно, така што во согласност со сите насоки правила и процедури на ДИК да можат да си го остварат своето демократско право на глас, рече Кондарко.

Тој апелираше и до сите изборни органи, до избирачките изборни комисии и до општинските изборни комисии да ги почитуваат сите законски процедури и сите упатства во врска со постапката на гласање, и во врска со утврдување на резултатите во избирачките места. – Навреме да постапуваат и правилно да ракуваат со целокупниот доверлив и недоверлив изборен материјал, рече Кондарко.

Информираше дека во текот на утрешниот ден, кој е ден за гласање, ДИК во три наврати ќе известува преку соопштенија за текот и излезноста на гласањето. Резултатите од утрешното гласање на болните и немоќните, на затворениците и лицата во старските домови не се бројат и не се објавуваат утре, туку заедно со останатите резултати в недела.

Во недела на 2 ноември на секои два часа ДИК ќе излезе со податоци за отворањето на гласачките места, за текот на гласањето и за одѕивот од гласањето. После 19 часот ќе се одржи прес-конференција за состојбата со излезноста до 18 и 30 часот, додека првичните неофицијални резултати што ДИК ќе ги добива сукцесивно од секое избирачко место по електронски пат веднаш по потпишувањето на записниците од избирачките места, исто како за првиот круг, ќе се објавуваат веднаш штом ќе пристигнат. Кондарко рече дека нивни очекувања се дека некаде околу 23 часот ќе бидат одржана и завршната прес-конференција каде што ќе бидат објавени поединечно сите резултати од гласањето во вториот круг од изборите.

Првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг ќе бидат објавени в понеделник попладне, кога ќе почнат да течат и роковите за евентуални приговори.

Државната изборна комисија денеска одобри за акредитација на уште 29 набљудувачи од Здружениеро Wake up. За вториот круг на изборите се акредитирани 1598, од 933 домашни, 651 меѓународни и 14 странски новинари.

ДИК одлучуваше и по приговори за гласање од седум болни и немоќни лица, како и за 19 приговори за лично избирачко право.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Интегра со поддршка за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг

Предраг Петровиќ

Во недела ќе гласаат 1.013.375 граѓани, за гласање пријавени се и 4.826 болни лица

Горан Наумовски

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Герасимовски најави дом за стари лица, зголемување на еднократна парична помош од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите

Лабудовиќ: Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс