Концерт на воените оркестри на АРМ и вооружените сили на Република Турција

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, турскиот амбасадор во Македонија Гурол Сокменсуер, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, претставници на дипломатскиот кор, претставници од ВС на Република Турција и други гости, вечерва ќе присуствуваат на концертот на воените оркестри на АРМ и Вооружените сили (ВС) на Република Турција на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје.

Концертот претставува прв од ваков вид и се реализира како резултат на одличната долгогодишна соработка помеѓу АРМ и ВС на Република Турција.

Граѓаните ќе имаат можност да проследат композиции од репертоарите на двата оркестри. Со програмата, предвидено е воениот оркестар на АРМ да изведе композиции од репертоарот на гостите од Турција, а воениот оркестар од ВС на Република Турција, да изведе композиции од македонски автори. Најатрактивниот дел од концертот се очекува да биде заедничкиот настап на двата оркестри со изведба на нумери, посебно компонирани за оваа прилика.

Концертот на двата оркестри e редок и несекојдневен настан, кој претставува уште еден поттик за понатамошно јакнење на соработката помеѓу АРМ и ВС на Република Турција.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски