Концерт на Воениот оркестар на АРМ во Македонски Брод

Од:

Воениот оркестар на АРМ синоќа првпат со свој настап се претстави пред граѓаните на Македонски Брод, на концерт што се одржа во салата на ОУ „Св. Климент Охридски“.

Повеќе од 300 граѓани на Македонски Брод уживаа во вештините во работа со оружје на припадниците на баталјонот за почести кои пред концертот на Воениот оркестар ја изведоа точката „ЕГЗИРЦИР“, соопшти денеска МО.

Едночасовниот концерт на Воениот оркестар имаа можност да го проследат и 40 гости од градот Халинов, Полска кој е збратимен со Македонски Брод. Според МО, одличната изведба на нумерите од страна на Воениот оркестар, како и настапот на припадниците на баталјонот за почести, наиде на воодушевување кај публиката во Македонски Брод, која синоќа припадниците на АРМ ги награди со аплауз.

На концертот на Воениот оркестар во Македонски Брод присуствуваа и припадници на клучниот персонал од 1. механизирана пешадиска бригада и гарнизонот Кичево.

Синоќешниот промотивен концерт на Воениот оркестар во Македонски Брод, е прв од предвидените концерти кои во текот на 2014 година е предвидено да се реализираат во повеќе градови низ Република Македонија, како продолжување на проектот за соработка со локалната самоуправа во државава, чија основна цел е низ дружење, АРМ да се доближи до граѓаните и во градовите каде нема гарнизони.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната