Концерт на Градскиот дувачки оркестар

Од:

Градскиот дувачки оркестар по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба денеска на плоштадот „Македонија” ќе одржи концерт.

Членовите на оркестарот ќе ги изведат делата Младинска чекорница, Вардаре македонски, Патриотска чекорница, Вашингтон пост марш, Македонска бригада, Огномет на слободата, Во спомен на Ваташа, За сите деца, Дикси парада и Работнички.

Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, составен е од членови главно професионални музичари, како и од студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан