„Комунална хигиена“ со пет нови возила за подигање кабаст и инертен отпад

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“  Ракип Дочи, денеска ги  промовирааа  новите возила за собирање  кабаст и инертен отпад.

Со набавка на овие нови 5 специјални возила во вредност околу 8 милиони  денари, чија носивост е 2 кубни метри, нагласи градоначалникот Трајановски,очекуваме подобрување во третирањето на овој вид отпад. Тој апелираше до граѓаните за совесно постапување  со кабастиот и инертен отпад за да добиме почиста и посредена здрава животна средина.  

–  Градот Скопје денеска ги промовира новите возила  на ЈП„Комунална хигиена“ и почнува еден начин на организирано третирање на кабастиот и инертниот отпад на територијата на градот. Оваа акција е покрената  по барање на повеќе граѓани на средбите коишто ги имавме со нив при посетите на општините, на кои тие пропотенцираа дека имаат проблем со одлагањето на кабастиот отпад и дека овој вид на отпад  се остава  неконтролирано. Со воведувањето на новата програма за третирање на овој вид отпад,  сите граѓани на  Скопје ќе имаат  можност да се договорат  со општината во којашто живеат  и ЈП „Комунална хигиена“  и 4 пати во годината бесплатно, на определени локации и договорени термини да ги остават сите свои стари и непотребни предмети со погабаритни големини, односно различен вид  стар мебел, стари електрични апарати, како и инертен отпад од реновирање кој е уредно спакуван во вреќи, изјави градоначалникот Трајановски.

Граѓаните, информира, во текот на годината во  кое било време ќе можат да се јават и да ги повикаат екипите на ЈП„Комунална хигиена“   да дојдат и со овие возила да го  подигне овој вид отпад од пред нивните домови, но со симболична наплата на услугата.  Самите граѓани пак, рече, имаат можност и бесплатно во  кое било  време  со сопствен  превоз овој вид на отпад да го одложат во рециклажниот двор во Карпош.

Директорот на ЈП„Комунална хигиена“ посочи дека со набавката на новите камиони ќе го надминат проблемот кој го имале со собирањето на кабастиот отпад и ги повика граѓните да се јават на бесплатниот телефон 0 800 222 33 и да ја повикаат службата за да го собере нивниот отпад.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски апелираше до граѓаните да ги почитуваат термините коишто ќе бидат определени за изнесување на овој вид отпад и рече дека тие како општина ќе се потрудат навремено да ги информираат за определените термини и локации. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето