„Комунална хигиена“-Скопје со апел за навремено плаќање на побарувањата за собирање и транспорт на отпадот

Од:

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до корисниците преку редовно и навремено плаќање на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад да придонесат за ефикасно одржување на хигиената и чистотата на градот Скопје.

– Во текот на изминатите два месеца, „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе низа вонредни мерки и активности со цел максимално да се заштити колективното здравје и да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, соопштија од претпријатието.

Додаваат дека седум пати во неделата, во три смени, екипите го собираат и го транспортираат комуналниот отпад и на највисокото ниво ја одржуваат хигиената на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини во градот Скопје. Минатиот месец, тие за само седум дена отстраниле над 500 метри кубни несовесно исфрлен отпад, директно придонесувајќи за заштита и одржување на здравата и чиста животна околина.

– Би сакале да ги потсетиме жителите на градот Скопје дека платите на овие вредни работници се обезбедуваат исклучиво преку плаќањето на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад и само преку редовно и навремено плаќање на сметките од ЈП „Комунална хигиена“- Скопје можеме да им обезбедиме достоинствен живот на тие луѓе, изјави директорот на претпријатието Абдусамед Шабани.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот