А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Комисиска расправа за законот за општа управна постапка

by А1он10/02/2015 - 08:1682
Share0

Подобрување на транспарентноста на управните постапки и зголемување на довербата во јавната администрација, се меѓу целите на Предлог законот за општа управна постапка, во прво читање, за кој денеска треба да расправа собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Следете a1on на Instagram Instagram

Со предлог законот, според образоложението, треба  да се воспостави целосен и сихнронизиран систем на управна постапка, да се поттикне управна пракса ориентирана кон услугите и професионална јавна администрација како суштински услов за економскиот развој, да се поддржи ефективното и етичкото однесување на државните и јавните службеници во заштитата на јавниот интерес, да се подобри ефикасноста (економичноста) на донесувањето на управните акти во корист и на јавниот интереса и интересот на граѓаните…Воедно со законот се трасира патот да се започне со примена на современи информатичко-комуникациски технологии за испорака на административните услуги (е-администрација), како и да се усогласи македонската јавна администрација со стандардите на ЕУ.

На дневен ред на Комисијата за политички систем  се  и предлог законите за дополнување и за изменување на законите за судска служба, за извршување на санкциите, за управната инспекција  и за инспекциски надзор, во прво читање.

Во Собранието за денеска се закажани и седници на комисиите за труд и социјална политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Следете a1on на Youtube YouTube

Пред членовите на Комисијата за труд и социјална политика се предлог измените и дополнувањата на законите за работни односи, за социјалната заштита, за инспекцијата на труд и за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, сите во прво читање. Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, пак, треба да расправаат за предложените измени и дополнувања на законите за шумите, за ловството, за Државниот инспекторат за земјоделство, за шумарска и ловна инспекција, за безбедност на храната за животни, во прво читање.

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Горан Наумовски26/10/2026 - 14:13

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 12:2319/10/2026 - 14:17

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он14/10/2026 - 20:33

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 13:04

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски09/09/2026 - 12:1009/09/2026 - 12:56

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео