Комисијата за здравство со јавна расправа за законот за прекин на бременоста

Од:

Во Собранието на Република Северена Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за култура и за одбрана и безбедност.

Комисијата за здравство ќе одржи јавна расправа за Предлог законот за прекинување на бременоста.

Пред членовите на Комисијата за култура се две точки на дневниот ред – Предлог-одлука за одржување надзорна расправа за начинот на носење на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес и реализацијата на Програмата за 2018 година и Формирање интеркомисиска работна група согласно точка 8 од Заклучоците од надзорната расправа на Комисијата за култура за Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната законска регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО.

Комисијата за одбрана и безбедност треба да ги разгледа предлог-законите за: Агенција за национална безбедност, за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија, за изменување на Законот за следење на комуникациите, измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за странци, сите во прво читање.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on