Комисијата за одбрана и безбедност ги поддржа предлог измените на Законот за странци

Од:

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница заклучи дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за странци е прифатлив и може да се даде на натамошно читање.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во образложението на измените и дополнувањата на Законот, појасни дека им се дава можност на странците од земјите-членки на Европската унија и на ОЕЦД со купување недвижен имот во вредност од над 40.000 евра да можат да добијат дозвола за привремен престој во Република Македонија.

Досега со закон беше регулирано странец да може да добие дозвола за привремен престој за максимален период од 90 дена во рок од шест месеци, без разлика дали имал или немал имот.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он