Комисијата за медиуми реагира за објавени спотови на Фондацијата Отворено Општество

Од:

 Привремената Комисија за Следење на Медиумското Претставување ги повика здруженијата на граѓани да го почитуваат Изборникот Законик во кампањите кои ги водат во текот на предизборниот период. Реакцијата доаѓа откако телевизиите Телма и Алсат емитуваа спотови на Фондацијата Отворено Општество Македонија, како дел од кампањата Ние Одлучуваме.

-Тргнувајќи од обврската за почитување на Изборниот законик и обезбедување на позитивна клима за фер и демократски избори, Привремената комисијата ги повикува здруженијата на граѓаните и радиодифузерите да го почитуваат духот и словото на Изборниот Законик. Привремената Комисијата го почитува правото на граѓанските организации да организираат кампањи од јавен интерес и едукација на граѓаните, но при тоа да обрнат внимание нивните пораки да не бидат идентификувани со пораките на учесниците во изборниот процес, пишува во соопштението објавено денес од страна на Агенцијата за Медиуми.

За време на вчерашниот состанок, членови на Комисијата укажале дека пораките од спотовите алудираат на пораки на партијата СДСМ, и дека со тоа се нарушуваат одредбите на Изборникот Законик со кои се регулира времетраењето и периодот на објавување на платените политички реклами.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ