Комисијата за избори и именувања ја утврди листата на кандидати за член на ДИК

Од:

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седница ја утврди листата на кандидати за член на ДИК, потврди за МИА пратеникот на Движењето „Беса“ Фадил Зендели.

Пријавени се пет кандидати за нов член на ДИК – Беат Даути дипломиран правник, Абдуш Демири економист, Роберт Трајковски и Зулфи Адили. По утврдувањето, клистата ка кандидати треба да се најде на усвојување на пленарна седница.

Претпладнево, седницата на собраниската Комисија за прашања на избори и именувања беше прекината расправата за утврдување листа на кандидати за член на ДИК откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска истакна дека кандидатот на опозицискиот Европски сојуз за промени – Абдуш Демири не ги исполнува потребните критериуми, затоа што е Генерален секретар на партија, на што бурно реагираше пратеникот на албанската опозиција Фадил Зендели велејќи дека тоа не е точно.

Зендели посочи дека со документите при пријавата на јавниот оглас била доставена и нотарска изјава која потврдува дека лицето не е носител на функција Генерален секретар на партија.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски