Комеморација: Холокаустот не смее да се повтори

Од:

Република Македонија е длабоко посветена на борбата против сите форми на дехуманизација и дискриминација на човекот и на негувањето на дијалогот кој е најхомогениот медиум за остварување на разбирањето меѓу народите. Нашите заложби се повеќе од јасни, холокаустот не смее да се повтори, тој треба да биде наша поука, како да ја градиме сопствената иднина, да се залагаме за сочувување на мирот, развивање на демократските процеси во општественото живеење, како да ги унапредуваме човековите права и слободи и ја продлабочиме соработката со соседите, со Европа и со сите земји во светот.

Ова го истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на денешната комеморативна церемонија во МНР со која беше обележан 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите на Холокаустот, а во рамки на која беше отворена и изложба „Ана Франк – – историја за денешнината”, Таа истакна дека грижата за сопственото минато е одлика на цивилизираниот свет, а токму затоа денеска, со посебен пиетет се навраќаме на сите жртви на Холокаустот вклучително и на 7144 Евреи од Македонија кои во 1943 беа депортирани во концентрациониот логор Треблинка.

– На денешен ден, пред точно 71 година, кога беше ослободен и злогласниот концентрационен логор Аушвиц, светот се соочи со вистината за една од најтрагичните епизоди во човековата историја – планираната екстерминација на припадниците на Еврејскиот народ. Сеќавањата и фотографиите на жртвите на Холокаустот, како и на Македонците кои беа сведоци на нивната голгота се и ден-денеска свежи и тие се аманет за сите нас, за сегашните и идните генерации, најдостоинствено да го чуваме и негуваме нивниот спомен и да дадеме свој придонес преку системот на образованието, преку програмската политика на сите медиуми, идеите на слободата и толеранцијата силно да се пропагираат бидејки само на тој начин ние можеме да избегнеме нов холокауст, порача Канческа Милевска.

Би можело да ве интересира

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска

Десница: Длабока почит кон македонските Евреи

Ана Ололовска

Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска