Колку новите проекти на Коце Трајановски се истите ветувања од 2009?

Од:

Во изборната програма на Коце Трајановски за 2013- 2017, се наоѓаат предизборни ветувања кои требале да бидат остварени за изминатиот четиригодишниот мандат.

slika 06

Во своето обраќање Трајановски вели дека преку секојденевната непосредна комуникација со граѓаните реализирал повеќе од 500 проекти во главниот град. Во програмата од 2009 година тој предложил 200 проекти.

slika 02

Трајановски тогаш ветил дека ќе се изврши целосна реконструкција на Универзалната сала во 2009, а во новата програма не се споменува нејзината реконструкција туку само продолжување на финансиската поддршка и програмските активности.

slika 01

 

За Универзалната сала имаше неколку најави дека ќе се реконструира, но остана стариот изглед. Градскиот парк според ветувањата во 2009 својот нов лик требал да го добие во 2010 година, а неговата реконструкција е дел од сегашните 227 нови проекти за 2013- 2017. Ветеното проширување на булеварот „Цветан Димов“ требало да се случи до 2013, а во новата програма неговото проширување е предвидено за перидот од 2014- 2017.

slika 03

„Ние докажавме дека може да се вети и да се оствари ветеното, без да се излажат граѓаните. Делата говорат за нашето посветено работење во град Скопје. Во новата програма за Скопје за период 2013- 2017 година предвидов уште многу нови проекти, земајќи ги во предвид вашите потреби, вашите сугестии, вашите предлози “, стои во обраќањето на Трајановски.

slika 04

Во програмата за 2013- 2017 чијшто носител е Трајановски, под името на еден проект се обединети две или три ветувања од 2009 година. Проектите кои го промовираат Скопје како бизнис дестинација (Проект: Маркетинг-програмата за домашни и странски инвеститор, Проект: за промоција на Скопје како бизнис-дестинација) во новата програма се претставени по едно име како Проект за промоција на Скопје како деловна дестинација.slika 05

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“