Колевски: Оглас за шеф на Скопско обвинителство најдоцна за еден месец

Од:

Скопското обвинителство, како најголемо основно јавно обвинителство на ниво на државата од петокот е без шеф. Досегашниот прв човек на ОЈО Скопје, Сашо Рајчев, со последната одлука на Советот на јавни обвинители е избран за нов член на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Ацо Колевски во изјава за МИА, рече дека огласот за шеф на ОЈО Скопје ќе биде брзо објавен, најдоцна за еден месец и после тоа ќе тече законската процедура на пријавување на кандидатите, оценување па потоа ќе можеме да закажеме седница за избор.

– Прво треба да назначиме в.д. шеф на ОЈО Скопје, за да не биде празнето, да има раководител – шеф, сепак се работи за најголемото обвинителство. За објавувањето на огласот ќе треба да се направат консултации со членовите на Советот. Прва задача во моментов е да се назначи в.д. шеф. Треба да се направат консултации со лица кои што доаѓаат во предвид да бидат назначени, зошто и ова ќе биде доста одговорна функција иако за пократок временски период, најмногу до шест месеци може да се биде в.д, изјави Колевски.

Изборот на в.д. шеф на ОЈО Скопје, според Колевски се врши по предлог на државниот јавен обвинител или член на Советот на јавните обвинители.

Минатата недела (22 април) Советот на јавните обвинители после неколку месеци разгледување на кандидатурите за слободните места во Вишото јавно обвинителство Скопје и Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ги избра новите јавни обвинители за овие позиции. Но, најголемо внимание во јавноста остави неизборот на јавната обвинителка Ленче Ристоска во Вишото јавно обвинителство Скопје, која јавно го изрази своето разочарување од ова одлука.

Прашана дали евентуално ќе се кандидира за позицијата шеф на ОЈО Скопје, обвинителката Ленче Ристовска, кратко за МИА изјави дека не размислувала за ова прашање.

Би можело да ве интересира

Антонио Јолевски избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Ана Ололовска

Фетаи, Пановски, Рајчев, Рустеми и Бундалевска-Георгиева дадоа заклетва пред Советот на јавни обвинители

Ана Ололовска

Колевски: Никој не ми изврши влијание за изборот на јавни обвинители

Ана Ололовска

Фатиме Фетаи избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје

Ана Ололовска

Мемети, Ивановски и Црвенковска ќе дадат свечени изјави пред претседателот на Собранието

Ана Ололовска

Арбр Исаку избран за заменик-претседател на Советот на јавни обвинители

Жарко Настоски