Колевска: Милевски доаѓаше секој ден кај Јовановски, влегуваше без да чукне и се однесуваше како дома

Од:

Вработената во домот на обвинетиот Бојан Јовановски, во својство на сведок на рочиштето за „Рекет“ кажа дека осудениот Зоран Милевски-Кичеец се чувствувал како дома кога доаѓал во домот на Јовановски. Според неа, Милевски доаѓал секој ден, а понекогаш и два пати во денот. По завршуваше на сведочењето, Колевска размени бакнеж со Јовановски.

„Зоран Милевски беше чест гостин, доаѓаше скоро секој ден, некогаш и по двата во денот. Влегуваше слободно без да чукне на врата. Јас ги послужував со кафе, сок, некогаш и јадење. Милевски доаѓаше со повеќе коли, имам запамтено портокалов и црн џип. Имаше општи разговори, но не опасни“, рече Драгана Колевска.

„Со Јовановски имаме коментирано дека Милевски се има однесувано во станот како во своја куќа. Во комплексот каде живее Јовановски имаше обезбедување”, рече сведокот, додавајќи дека во домот на Јовановски доаѓале и новинари од „1ТВ“ како Ацо Кабранов, Анета Кочишки, новинарите кои ја работеле емисијата „Инсајдер“, Гордана Дувњак, Јадранка Костова.

Таа претходно сведочеше дека кај Јовановски доаѓале и политичари и познати личности како Радмила Шекеринска, Катица Јанева, еднаш има дојдено Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Лила Филиповска, Анета Кочишки, Орце Камчев, Зоран Милевски.

Следното рочиште е закажано за 3 јануари.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог