Колева: Со нов Закон СДСМ го штити и го унапредува македонскиот јазик

Од:

СДСМ преку конкретни мерки и политики ја заштитува и унапредува употребата на македонскиот јазик. Токму Владата предводен од СДСМ пред четири години донесе одлука со која денешниот ден го прогласи за Ден на македонски јазик рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Даниела Колева.

– Во последните години после децении пауза се отвори нов лекторат по македонски јазик во република Турција, а за годинава предвидени се отворања на уште два нови лекторите. Подготвени е нов Закон за употреба на македонски јазик со кој ќе се прошират областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање на текстови што се објавуваат: општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа, како и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката. Задолжително ќе се лекторираат меѓународните ратификувани договори и публикациите и учебниците што се издаваат на македонски јазик, како и магистерските и докторските трудови што се напишани на македонски јазик. Согласно Законот се предвидува основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице вели Колева.

.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат