Колева: Нов скандал, ДПМНЕ злоупотребува болни луѓе на партиски списоци

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица предводено од Александар Николовски започна со притисок и злоупотреби кои единствено знаат да ги прават пред избори. Преплашени од слабата поддршка на терен почнаа јавно да објавуваат списоци со цел да се врши притисок. Ни помалку ни повеќе, списоци од болни луѓе кои се лекуваат во болницата во Струмица вели пратеничката на СДСМ Даниела Колева.

– Мајката на кандидатот за пратеник од редовите на ДПМНЕ – Петар Марков, Силвана Маркова вработена во ЈЗУ Струмица објавува списоци со болни луѓе кои се лекуваат во болницата со нивен матичен број, за да може да се врши притисок истите да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ Александар Николовски, вечниот пратеник кој немал ниту ден работен стаж во животот, треба да одговори дали е ова неговиот план за кампањата? Николоски да одговори уште колку списоци планираат да подготват за уценување и плашење на граѓаните? СДСМ ќе ги заштити граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ и нивните режимски методи. Александар Николоски и сите вклучени во овој скандал ќе одговараат. Им порачуваме веднаш да ги напуштат овие методи а граѓаните да ги казнат за ова насилство и понижување кое им го спрема ВМРО-ДПМНЕ, рече Колева.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната