Колефски: Нема дозвола за отворање бугарскиот културен центар, тоа е намерна провокација

Од:

По веста објавена на социјалните мрежи дека утре 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј ќе се отвори бугарски културен центар во Пустец, од локалната власт на оваа општина, за МИА изјавија дека за такво нешто нема издадено дозвола.

– Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен центар. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, вели за МИА градоначалникот Пали Колефски.

Додава дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект.

– Но, канцеларијата како што некој ја нарекува е под клуч. Барам да не им се дава внимание на овие провокации. Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, додава Колефски.

За оваа најава, за која разбравме од социјалните мрежи, посочува тој, запознаени се надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец.

Истиот став го дели и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ Васил Стерјовски, како и претседателот на македонското друштво „Илинден” Никола Ѓурѓај, кои потсетуваат дека веќе подолг период „искажуваат загриженост од напорите на Бугарија за асимилација на Македонците не само во Мала Преспа туку и во Гора и Голо Брдо”.

Најава за отворање на бугарскиот културен центар во Пустец преку својот профил на Фејсбук објави бугарската Фондација Македонија, која најави присуство и на официјални лица, но и Колефски и Стерјовски не веруваат во тоа.

Би можело да ве интересира

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

МАЕИ: Не го признаваме пописот во Албанија, се појавија 7957 Бугари наспроти 2281 Македонци

Предраг Петровиќ

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски

Стерјовски: Бугарија донира за Пустец во замена на нашата македонска националност