Коле Штерјев другпат ќе дал изјава за претставките до Советот на јавните обвинители

Од:

Коле Штерјев, претседателот на Советот на јавните обвинители, по денешната седница на која, меѓу другото, се расправаше за претставката на судијата Владимир Панчевски за постапувањето на обвинителките Катица Јанева и Ленче Ристоска при претресот на неговиот дом, одби да даде изјава за медиумите.

По седницата рече дека давањето изјави само за одредени претставки би создало впечаток дека се прави селекција во информирањето на јавноста.

Како што дознаваме, подносителот на претставката, Панчевски ќе добиел писмена информација за одлуките на Советот. Советот на јавните обвинители иако доби нова веб-страница, сепак останува затворена институција за комуникација за јавноста.

Ова тело нема лице за односи со јавноста, претседателот ги дава изјавите по желба, а при соопштенијата досега е напишан само датумот на седницата, но не и дневниот ред со точките за кои треба да се расправа.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Не е во ред министерот за правда да го прозива по има обвинителот, вели претседателот на Советот на јавни обвинители

Дисквалификуваниот Панчевски бара кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Катерина Ѓуровски

Владата добива четири имиња за државен обвинител, Панчевски елиминиран од Советот

Катерина Ѓуровски

Советот на јавните обвинители ќе даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители