Кој се е вплеткан во „Рекет“?

Од:

Како ќе се расчисти „Рекетот“, кој се е вплеткан, кој уценувал, а кој нарачувал? Многумина, веќе со исказите пред Русковска биле затечени, а некои и се фатиле во лаги.

Некогаш познатиот битолчанец Сиљан Мицевски, кој по аферата „Тат“, си работеше непречено, но некако во заднина, излезе на големо во јавноста со „Рекет“. На првото појавување во јавноста бегајќи од новинарите одговараше со едносложни реченици кои сепак биле спротивни на неговиот исказ пред 30 на дена, но и со исказите на Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, потпретседателката на Меѓународниот сојуз и на шефот на финансиска полиција.

Кому префрлил и зошто Мицевски 720.000 евра, на Лилјана Тодоровска, како идеен творец за изградба на Европски комплекс за возрасни лица, како што тврдеше порано, или на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, како што, рече вчера?

Тодоровска, која е изгледа најскапо платен човек за идеја за проект, беше јасна дека парите легнале на нејзина сметка и потоа, откако ги подигнала, принудно, од две лица од Сојузот и биле одземени. Каде завршиле натаму 720.000 евра, треба да покаже истрагата, бидејќи не се појавуваат како прилив на сметката на Меѓународниот сојуз.

За две години колку што е регистриран Сојузот, на сметка имало само 5.500 евра. Ако „дебелиот“ хонорар за пензионерката Лилјана се за неа како награда за идејата, се поставува прашањето што барале, двете лица од Сојузот со неа во банка за веднаш да ги одземат и во торби да ги спакуваат парите од пензионерката.

„Матни“ се и други работи во „Рекет“, на пример како се перени и трошени еден и пол милион евра, и кој се од нив се „омрсил“?

Еден од притворените Боки 13, кратко време по земените пари од Орца Камчев, заминал во Италија, заедно со друго лице, инаку судија, кое е повикано да даде исказ. Таму потрошил 180.000 евра. Боки 13 купувал скапи парфеми и намештај за обвинителката Катица Јанева. Истрагата треба да даде одговор и каква е улогата на други лица, дали само присуствувале или вршеле влијание за давање пари, дали присуствувале на договарањето со Сиљан Мицевски, пензионерката Лилјана и Ардијан Амзоски.

Многумина од бизнисмените, само на маса говорат дека се рекетирани, но, за да не си го уништат бизнисот не сакаат и да сведочат дека им биле изнудувани пари.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов