Кој претендира да ја бие битката против Груевски?

Од:

Завршува процедурата за кандидирање на нов лидер на СДСМ. Бранко Црвенковски е поддржан од повеќе општински организации и со потпис од повеќе од 20 илјади членови на СДСМ.

За А1он, Зоран Заев потврди дека и официјално поднесе кандидатура и влегува во претседателската трка.

Аспирациите ги официјализираше и Кире Наумовски. До истекот на рокот тоа ќе го стори и Зоран Јовановски.

Според неофицијални најави тоа ќе го направи и Игор Ивановски.

Според статутот на партијата, претендентите за претседател поднесоа и програма за работа.

Утре заседава извршниот одбор на СДСМ на која ќе се расправа за кандидатурите, а последниот збор за тоа кој ќе трча за лидерското столче во партијата го има централниот одбор кој треба да заседава по 22. мај.

Во интервју за Канал 5, поранешниот член на СДСМ, Стевче Јакимовски, обвини дека се сменети двајца делегати, блиски до него.

„Црвенковски ужива да создава темница и магла“, обвини Јакимовски.

Црвенковски, јасно кажа дека не сака да биде кандидат за лидер, ниту дека ќе прифати каква и да е кандидатура. Генералниот секретер, Андреј Петров и Црвенковски јасно ставија до знаење дека нема да поддржат ниту еден од кандидатите.

Откако Централниот одбор ќе ги официјализира кандидатурите, започнува кампањата во која сите кандидати ќе имаат рамноправен третман и простор за да се претстават.

На втори јуни во Скопје, делегатите ќе одлучат кој во наредниот период како лидер ќе ја бие битката со Груевски.

 

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија