Кој ќе седне во „жешката“ фотеља во внатрешни?

Од:

Рокот за избор на нови министри и заменици министри, според договорот во Пржино истекува утре. Во барабанот многу имиња и кандидати, но партиите не ги откриваат адутите.

Министерот за внатрешни работи, според договорот ќе го предложи СДСМ, но во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тој ќе биде поставен технички.

Партиски извори за А1он велат дека тимот се составува, а како најсериозни кандидати Лазо Велковски, кој бил шеф на Градската Управа за внатрешни работи – Скопје и Раде Јанковски, поранешен шеф на граничната полиција од Струмица, а сега пезионер. Како можни имиња се споменуваат и Горан Митевски, Зоран Доревски и екс началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски.

Новиот министер нема да биде истакнат партиски член на опозициската партија туку ескперт.
Премиерот Груевски во интервју за Канал 5 изјави дека тој се уште не добил никакви предлози од опозицијата.

Според договорот од Пржино,новиот министер за внатрешни ќе има двајца заменици, актуелниот Земри Ќамили и уште еден на предлог на ВМРО ДПМНЕ. Во јавноста се вртат и неколку имиња за новиот министер за труд и социјална политика.

СДСМ ќе ги даде и замениците во Министерствата за финансии, за земјоделство и за информатичко општество. Замениците министри ќе имаат право на вето и преглед во нивните министерства за сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски