Кој ќе одлучува за тужбите на партиите во Управниот суд?

Од:

Управниот суд вчера ги доби тужбите од партиите, за кои има 48 часа рок да се произнесе, односно до утре.

Претседател на Управниот суд е Јетмире Ајдини Бошњаку, која ја добила функцијата во 2013 година, истата година кога ги завршила магистерските студии. Медиумите и претходно пишуваа за нејзинот сомнителен скок во кариерата. Таа била избрана за судија во Основниот суд Скопје 1 во 2008 година, а на 30 март 2011 година, со три години стаж, кога и користела породилно отсуство, таа станала судија на Апелациониот суд.

Заменик претседател е Весна Јовановска, судијката која во јавноста е позната како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 1998 до 2002 година. Подоцна, таа станува раководител во Правната служба на Дирекцијата на Електростопанство на Македонија, а од 2006 до 2011, кога е и избрана за судија во Управниот суд, таа била директор на Сектор за правни и општи работи во Дирекција на АД МЕПСО.

Опозициската СДСМ поднесе четири тужби до Управниот суд кои се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6. Движењето Беса, пак, објави дека нема да поднесе тужби до Управниот суд на одлуките на ДИК поради тоа што не верува во независноста на судот.

Државната изборна комисија прифати само еден приговор од Беса, за кој ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Управниот суд ја одби тужбата на „Еуростандард банка“

Ана Ололовска

Управен суд: Владата погрешно ги поништила решенијата на Чулев во МВР

Ана Ололовска

Судијата Шахини е обвинет за штета на буџетот од 198 илјади евра за предметот со денационализација

Васко Маглешов

Апелација ја одби жалбата на СЈО за судиите од Управен

Ана Ололовска

Управниот суд одби 15 тужби за вториот круг од изборите, за 16-та се уште одлучува

Ана Ололовска

Управниот суд ги заврши седниците по жалбите за вториот круг од изборите

Ана Ололовска