Кој ќе го наследи Груевски?

Од:

Антонијо Милошоски, Христијан Мицковски, Илија Димовски, Никола Поповски. Ова се имињата кои се вртат во партијата за наследници на Никола Груевски ако воопшто сегашниот лидер замине од оваа позиција. Долгото калкулирање упатува дека е можно сценариото делегатите да не “даваат“ лидерот да замине од позицијата и дека без него ќе пропадне се, па да остане повторно на првата позиција. Но можно е и да дојде нов лидер, кој е однапред договорен, по сценариото кога Емил Димитриев стана технички премиер, а Груевски уште одеше во кабинетот во Владата.Партиски извори упатуваат дека повеќето имаат амбиции, но најверојатно нов лидер ќе биде Мицковски кој е најблизок на Никола Груевски и во кого има доверба.

Сегашното сценарио се очекува да ја доживее кулминацијата во Централниот комитет каде многу од членовите се веќе против останување на било какво влијание од Груевски во партијата. Извршниот комитет предложи вонреден конгрес на 23 декември, но крајниот збор го има Централниот комитет на партијата каде од 130 членови кои доаѓаат од општински комитети, и од извршниот одбор, потребна е согласност од половина членови за одржување на конгресот.

Делегатите на конгресот се во ист состав како во 2015 година кога од 560 делегати за Никола Груевски како лидер на партијата гласаа 538 делегати.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ