Кои се новите вработени во Секторот за комуникации на Владата? (1)

Од:

Најмалку 40 лица работат на односи со јавност и комуникации во Владата. 13 лица се таму од претходната гарнитура, додека годинава во Владата во Секторот за односи со јавност дополнително биле ангажирани 25 лица, како и 1 портпарол, и 1 посебен советник за односи со јавност во кабинетот на Претседателот на Влада. Макфакс преку Барање за слободен пристап до информации ги доби имињата на сите нововработени во овој сектор.

Според пишувањето на Макфакс лицата имаат различни обврски а дел од нив се занимаваат со меѓународни односи, истражувања, анализа, медиумски мониторинг или пак се дел од фото/видео тимови, а клучното прашање кое го поставува е зошто власта ги одбра токму овие луѓе како дел од новиот тим и дали на овој начин сака да влијае врз критички настроената јавност? Дали беа избрани преку некои специфични критериуми и имаше ли услови кои треба да ги исполнат за да станат дел од државната служба?

Од првите наведени четири имиња во текстот, може да се заклучи дека тројца од нив се поврзуваат со МОФ.

Марјан Забрчанец од август годинава, е ангажиран како посебен советник за односи со јавност на претседателот на Владата, Зоран Заев. Забрчанец ја достави неговата биографија до Макфакс, но во неа иако биле побарани, не се достапни податоци за степенот на образование. Тој работел како ПР менаџер (2007 – 2010) во една од водечките маркетинг и ПР агенции во земјава, New Moment. Во јавноста е најпознат како претседател и извршен директор на Младинскиот образовен форум – МОФ – една од најпознатите младински организации, а оваа организација ја водел од 2003 до 2007 година како и од 2010 до 2014 година. Под негово водство во оваа организација се формираше и Радио МОФ. Тој исто така бил ангажиран и како консултант, соработник или менаџер за неколку телевизиски проекти: Зебра, Еврозум Нова Дебата итн. Раководеше и со граѓанската кампања “Заслужуваме подобро” и ја координираше коалицијата на 80-тина граѓански организации “Граѓаните за Македонија”, кога пред канцеларијата на ЕУ тврдеа дека се борат за демократски институции, а не да се сместат во некоја фотелја.

Во Секторот за комуникации во Владата работи и Мила Стаменова, исто соработник на проекти на организацијата Македонски образовен форум (МОФ).

Таа учествувала на конференцијата „Поинт“ во Сараево, каде е достапна и нејзината биографија. Таму е наведено дека била менаџер на националната кампања на СДСМ за парламентарните избори 2016 „За живот во Македонија“. Работела на развивање на комуникациска стратегија и консултација на односи со јавност. Дополнително, наведено е дека таа ги координирала дневните активности со аналитиката и тимовите за социјални медиуми во Центарот за комуниникации со јавноста. Дипломирала Човечка географија и планирање, а има магистерски студии на Универзитетот Ултрехт во Холандија.

Во Владата во комуникацискиот сектор исто така работи и Илија Жупаноски, кој е еден од поранешните директори на невладината организација Младински образовен форум (МОФ). Тој на оваа позиција бил три ипол години од 2007 до 2010 година и го наследил Забрчанец во периодот додека работел во New Moment, кој потоа повторно се вратил на чело на МОФ во 2010 година. Долги години работел како координатор на дебатната мрежа во оваа организација и исто така е во пријателски односи со Забрчанец. Жупановски според неговиот профил на Linkedin сега ја води единицата – социјални медиуми и дигитална транспарентност во Владата. Работел и како менаџер за развој на бизнис во компанијата „Октопус“ за иновативни безбедносни информациски системи. Завршил Економски факултет на УКИМ и е магистер по информациски системи на универзитетот Лунд.

Макфакс претходно објави дека во Владата и министерствата во моментот најмалку 120 луѓе работат односи со јавност (ПР) и комуникации. Повеќе на Макфакс.

Би можело да ве интересира

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи

ВМРО-ДПМНЕ: Владата води грижа за сите, зголемува плати и пензии, го помага стопанството

Горан Наумовски

По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри