Кои се лицата од здружението „Тодор Александров“?

Од:

Одговорноста за сквернавењето на прославата на Илинден, празникот со најзначајно место во историјата на Македонија на Мечкин Камен, вчера и официјално ја презеде здружението „Тодор Александров“.

Јавноста има право да знае кои и какви лица ја угушија прославата на Мечкин Камен и свиркаа кон опозицијата на Илинден лажно претставувајќи се како македонски патриоти, велат од СДСM Крушево.

Како неформален лидер на здружението „Тодор Александров“, кој носеше транспарент со неговиот лик на Илинденскиот марш, се јавува лицето Љупчо Ѓоргиевски, вработено во ЕЛЕМ, од Битола.

Лицето Љупчо Ѓоргиевски, кое се претставува дека работело во ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не ја крие својата приврзаност кон фашизмот и фашистите.

Неформалниот водач на здружението кое се крие зад името „Тодор Александров“ отворено објавува нацистички симболи и расистички пораки.

almihajlov

al2

Објавува фотографии од фашистичкиот водач Мусолини со слоганот „Подобро да живееш еден ден како фашист, отколку 100 како комунист“.

Објавува фотографии од Хитлер, а и од членови на неговото здружение како ја гушкаат восочната фигура на Хитлер.

alhit

Најстрашно од се, објавува фотографија на дете со нацистички поздрав и објаснување „SS jungen !!!“

Членот на здружението „Тодор Александров“ кое обвинува за „скернавење споменици“ има објавено и фотографија како уринира врз споменик на Тито.

altito

Објавува фотографии од членови на неговото здружение фотографирани со автоматско оружје пред партискиот амблем на ВМРО-ДПМНЕ.

И со пиштол и кама

alkama

Лицето Љупчо Ѓоргиевски објавува и фотографии од кои се гледа дека е обожавател на соработникот на нацистите Иван Михајлов, кој ја негираше посебноста на македонскиот народ.

На една од фотографиите од музејот на ВМРО во Штип, Љупчо Ѓоргиевски ја „тагира“ соработничката на Михајлов Вида Боева Попова, а под неа добива одговор „Поклон“ од профилот на Вида Боева Попова.

Јавно бараме да се забрани натамошно учество на здружението „Тодор Александров“ на Илинденскиот марш заради отворена промоција на фашистички идеи од страна на неговите членови и величање на ликови кои отворено го негирале идентитетот на македонскиот народ.

Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцира од тнр. „патриотско“ здружение „Тодор Александров“ и јавно да ги осуди сите акти со кои се промовираат фашистички симболи и идеи.

Во спротивно, ќе ја третираме партијата ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски како поддржувач на фашизмот и негирањето на Македонците како засебен народ.

Бараме од МВР да ги истражи фотографиите на кои се промовира оружје, да испита дали истото е легално, и да преземе мерки против сите незаконски активности, вклучително и против актите на ширење на расистички и фашистички материјали преку компјутерски ситем, стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?