1 јануари
– Почина Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Македонија
3 јануари
– Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, погребен е во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел.
5 јануари
– Почина Хисен Рамадани, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија
– Нов контингент на АРМ испратен во мировна мисија во Авганистан
6 јануари
– Промовирана „Портата Македонија“
– Економскиот совет на Владата разгледа пакет од 50 нови мерки за продолжување на економските реформи
7 јануари
– Православните христијани го слават Рождеството Христово-Божик
9 јануари
– Орка Холдинг нов сопственик на Дневник, Утрински весник и Вест
– Заврши судењето за убиството на Мартин Нешковски
– Доставени 16. миниавтобуси од Јутонг наменети за јавниот градски превоз во Скопје
10 јануари
– Собранието не го изгласа Предлог-законот за попис предложен од опозицијата
– Милчо Манчевски добитник на наградата на Централноевропската иницијатива
11 јануари
– Четири години од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници на воздухопловниот ВИНГ
12 јануари
– Распишана објава за изградба на подземна сообраќајница во центарот на Скопје
13 јануари
– Министерството за труд и социјална политика ја промовираше веб-страницата www.stop-pedofilija.org.mk
16 јануари
– Припадникот на специјалната единица „Тигри“ Игор Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски
– Посредникот на ОН во процесот за решaвање на спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц во Њујорк имаше одвоени средби со претставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис
19 јануари
– Одбележан празникот Богојавление
20 јануари
– Почина Лилјана Манева, првоборец и истакнат општествен деец
21 јануари
Меморијален концерт за Тоше – „Неговите арии“
23 јануари
– На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје почна да работи нова лабораторија за мерење еколошки параметри
– Собранието на Република Македонија со 64 гласа „за“ го донесе Законот за минимална плата во Република Македонија.
25 јануари
-Уставниот суд на Република Македонија донесе времена мерка за стопирање на 13 члена од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, односно Законот за лустрација.
– Стартува аплицирањето за проектот „Купи куќа, купи стан“
26 јануари
– Капетанот Сашо Аврамовски од АРМ одликуван со медал за посебни заслуги на Либанската армија и медал на ОН за зачувување на мирот
27 јануари
– Македонската ракометна репрезентација го освои петтото место на Европското првенство, ќе игра на олимписките квалификации
28 јануари
– Принцот Мајкл од Кент во работна посета на Македонија
29 јануари
– Средба на претседателот Иванов со принцот Мајкл од Кент
30 јануари
– Ракометарите одликувани со „Медал за заслуги за Македонија“
31 јануари
– Проширувањето на ЕУ да продолжи и по приемот на Хрватска, побараа земјите од ПСЈИЕ
1 февруари
– Инвестициска Основниот суд Скопје 1 денеска го ослободи Васил Тупурковски од обвинение во повторениот процес за тајванските кредити.
3 февруари
– Делегација на македонското Собрание на Молитвен појадок во Вашингтон
4 февруари
– Сто и четириесет години од раѓањето на Гоце Делчев
7 февруари
– Дел од пратеничките групи доставија забелешки за Етичкиот кодекс, за ДПА тоа не е приоритет
– Стручен тим на „Мерцедес“ разгледуваше локации за отворање фабрика во Велес
11 февруари
– Авион на чешката „ЦСА“ во кој беше и министерот Попоски принудно слета на аеродромот „Александар Велики“
12 февруари
– Пуштени во употреба токсиколошка и офтамолошка лабораторија во Институтот за медицина на трудот во Чаир
– Владата и Синдикатот на вработените во одбраната и безбедноста денеска постигнаа договор границата за пензионирање на професионалните војници од 38 да биде поместена на 45 години, а за вработување во Армијата наместо до 23 да се помести на 25 години.
13 февруари
– Република Македонија стана член на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ
– Расправа по интерпелацијата за министерката Гордана Јанкулоска, мнозинството не изгласа недоверба
– Во Швајцарија приведен Миле Хаџиски кој близу 20 години се бараше за свирепо убиство
14 февруари
– Македонска студентка пронајдена мртва во стан во Чикаго
15 февруари
– Пападемос му одговори на Груевски: Прифаќа средба на маргините на следниот состанок на Советот на ЕУ
– Отворена првата Универзитетска ветеринарна болница во Македонија
– Кривична пријава против поранешен директор на ОХИС за злоупотреба на службена положба
16 февруари
– МОН ја објави ранг-листата на универзитети и високообразовни установи
17 февруари
– Премиерот Груевски најави изградба на нов Клинички центар
– Запалено македонското знаме на ракометeн натпревар во Приштина
18 февруари
– МИА одбележа 20 години од основањето
– Писмо од претседателот Иванов до шефовите на државите членки на НАТО
20 февруари
– Во владина процедура најновиот извештај за падот на кингерот при што загинаа претседателот Трајковски и членови на Кабинетот
– Почна примената на новите регистарски таблички
21 февруари
– „Лимак Холдинг“ од Турција ќе ја гради подземната сообраќајница кај старата железничка станица во Скопје
22 февруари
– Нимиц во Атина се сретна со Пападимос и со Димас
23 февруари
– Љубе Бошкоски јавно и се извини на Надежда Груевска за клеветите дека поседува стан во Прага
– ОМД покрена петиција за собирање 100.000 потписи за влез на Македонија во НАТО
24 февруари
– Владата и ЗНМ постигнаа договор за декриминализација на клеветата и навредата
25 февруари
– Премиерот Никола Груевски најави дека нема да ги коментира изјавите на официјална Атина за да не се создава лоша клима
26 февруари
– Одбележана осумгодишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски
27 февруари
– Повредени три лица при сервисирање лифт во скопската Клиника за психијатрија
– Граната од топ пронајдена во жардиниера кај ГТЦ во Скопје
28 февруари
– Прекинува кризната енергетска состојба, јавното осветлување се врати во нормала
– Почнаизградбата на откупно – дистрибутивен пункт за земјоделски проиводи во Богданци
– Во Гостивар полицаец кој не бил на должност застрела две лица на возраст од 26 и 29 години
29 февруари
– Владата бара повторно отворање на истрагата за несреќата во која загина претседателот Трајковски
– Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски најави дека ќе има нова истрага за уривањето на „кингерот“ ако има дополнителни докази
– Испорачани уште 68 двокатни автобуси од кинески „Јутонг“
1 март
– Македонија и Русија потпишаа Програма за соработка во културата
– Протести во Гостивар и Тетово по двојното убиство
– Промовирана автобуска линија до скопскиот аеродром, билет во еден правец 100 денари
2 март
– Промовирана новата медицинска опрема на хируршката клиника „Св.Наум Охридски“
– Училишни автобуси добија 23 општини
3 март
– Доделени првите 40 решенија за национални пензии во културата
4 март
– Министерството за транспорт и врски најави поставување десет мали пристаништа ќе се поставуваат на Охридско, Преспанско, Дојранско и Мавровско Езеро
5 март
– Премиерот Груевски во прва посета на Индија
6 март
– Перо Стојановски се повлече од амбасадорското место во Австралија
8 март
– Во центарот на Скопје отворени четири продавници за сувенири со мотиви од Македонија,
– Владата најави дека ќе ги субвенционира бизнисите управувани од жени
10 март
– Промовирани нови 68 двокатни автобуси за ЈСП „Скопје“
11 март
– Шеесет и девет години од холокаустот на македонските Евреи
– Одбележани 20 години од преземањето на првата караула
13 март
– Поставено спомен-обележје посветено на Првото заседание на АСНОМ
14 март
– Велија Рамковски осуден на 13 години затвор
17 март
– Во Скопје се одржа Марш за мир
– Филип Вујановиќ стана почесен граѓанин на Скопје
19 март
– Потпишани договори за ревитализација на хидроелектраните „Вруток“ и „Равен“
20 март
– Македонија и Кувајт потпишаа договор за избегнување на двојното оданочување и заштита на инвестициите
– Генерал Методија Величковски ја презеде должноста командант на ЗОК
21 март
– Почна кампањата „Сите во акција за Зелена Македонија – 2012“
22 март
– ВМРО-ДПМНЕ предложи нов закон за лустрација
23 март
– Потпишан договорот со Светска банка за вклучување на Македонија во проектот „Европа Ре“
– Македонија од агенцијата за рејтинг „Фич“ ја доби оценката ББ+ со стабилни изгледи
24 март
– Премиерот Никола Груевски најави две американски и една германска компанија донеле интерна одлука за изградба на фабрики за делови или кабли за автомобилска индустрија, кои треба да бидат стационирани во Тетово, Струга и Скопје.
27 март
– Собранието ја донесе програмата за одбележување значајни настани и личности за 2012
28 март
– Власта и опозицијата во Вашингтон заеднички лобираа за НАТО
– Уставниот суд укина 12 члена од Законот за лустрација
29 март
– МВР распиша тендер за набавка на нови полициски возила
– Македонија и Кина ја интезивираа соработката
30 март
– Потпишана техничката документација за подземната сообраќајница од мостот „Гоце Делчев“ до Комплекс банки
31 март
– Пресечен меѓународен канал на недозволена трговија со хероин
– Министерството за финансии го реши и последниот од вкупно 30.744 предмети за денационализација во првостепена постапка
1 април
– Карлос Слим во посета на Македонија. Се запозна со владините проекти за привлекување странски инвестиции
– МВР во рамки на акцијата „Детонатор“ против 16 лица од Виница, Кочани и Крива Паланка членови на организирана криминална група денеска поднесе кривична пријава за кривичното дело злосторничко здружување
2 април
– Пет години од издавањето на првите биометриски лични документи
– Полицијата најави истражување вмешаност на овластени службени лица во криминалната група во Кочани и Виница
3 април
– Обама да осигура покана за Македонија во Чикаго, побараа 54 конгресмени
– Турската компанија Суташ ја купи млекарницата Сведмилк.
– Службата за јавни набавки на МВР денеска објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на ново блиндирано патничко моторно возило со највисок степен на заштита.
4 април
– Полковник Арсоски го презеде командувањето со полкот за специјални операции на АРМ
– Вицепремиерот Ставрески најави ребаланс на Буџетот
5 април
– Профeсорите Гале Галев, Михаил Петковски, Зоран Караџов, Нада Поп-Јорданова, Трајче Стафилов и писталот Ефтим Клетников, се предложени за нови редовни членови на Македонската академија на науките и уметностите.
– Македонија одбележа 20 години дипломатски односи со Словенија и Хрватска
– Формиран Национален совет за претпримеништво и конкурентност
6 април
– Од денеска границата Македонија – Албанија граѓаните на двете земји ќе можат да ја преминуваат само со лична карта
– Советот за радиодифузија на Македонија ги одзеде дозволите за работа на Скај нет плус и Џангл, регистрирани како сателитски канали.
– Народната банка на Република Македонија ја намали фреквентноста на аукциите на благајничките записи на еднаш месечно, во рамки на периодот на задолжителна резерва, и да го ограничи нивниот понуден износ
7 април
-Исплатени 254,4 милиони денари субвенции за лозарството и овоштарството
-Разрешени 13 раководители на полициски станици во југоисточна Македонија
8 април
– Во Канада, во Сатон Вест, почина Методија (Тед) Петков, најстариот Македонец во светот, кој на 31 јануари годинава го прослави 108-иот роденден.
– Воведена електронска размена на податоци меѓу Министерството за транспорт и Катастарот
– Несекојдневна појава во црквата Св. Димитрија – фреските сами се прочистуваа
9 април
– Полициската акција „Детонатор“ продолжи и на подрачјето на Делчево
– Љубинка Корабоска нов претседател на Антикорупциската комисија
10 април
– „Детонатор“ во Куманово и Лопате пронајде уште 72 покер апарати, досега вкупно откриени 844
– Иванов и Вартоломеј разговараа за МПЦ и чудото во црквата Св. Димитрија
– Потпишан договор за ревитализација на пруги од Коридорот 10
11 април
– ОМД промовираше интернет страница за поддршка на приемот на Македонија во НАТО
– Промена во квотите и студии во мирување во Конкурсот за 2012/2013
12 април
– Во Струшко во полициската акција „Детонатор“ пронајдени и одземени над 40 покер апарати
– Папуљас со писмо до Иванов: Решавањето на прашањето за името ќе придонесе за безбедноста и развојот на регионот
– Владата усвои законски измени кои треба да овозможат формирање Туристички развојни зони за привлекување инвестиции и подобрување на понудата
– Четири лица на околу 20 години и едно на возраст од над 40 години се пронајдени мртви околу 22 и 30 часот блиску до езерото кај скопското село Смилковци.
14 април
– Жртвите кај Смилковското езеро убиени со три типа оружје, 199 телефон за дополнителни информации
– Убиените момчиња кај Смиљковци погребани, Ден на жалост во општина Бутел
15 април
– Православните верници го слават Велигден
– Почина писателот Ташко Георгиевски
16 април
– Протест во Скопје поради петкратното убиство
– Во Тетово во рамки на акцијата „Детонатор“ пронајдени и одземени 49 покер апарати
17 април
– Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2012 година
– Приведени 14 лица по протестите во Скопје поради петкратното убиство
– Опозицијата најави дека нема да учествува на собраниските координации
18 април
– Владата се задолжува кај „Дојче банк“, нема потреба да се користи ПЛЛ аранжманот со ММФ
– ММФ: Македонија годинава со раст од два отсто, следната година 3,2 отсто
– Зоран Трајчевски нов претседател на СРД
19 април
– Одбележан Јом Ашоа – ден за сеќавање на шест милиони еврејски жртви на холокаустот
– Презентација на Македонија во Лондон во рамките на културната олимпијада
21 април
– Се обновува друштвото „Илинден“ на македонската дијаспора во Белгија
22 април
– Одбележани 97 години од убиството на Јане Сандански во Рожен и во Мелник
– Македонија добива 100 милиони долари од Светска банка за поддршка на развојната политика
23 април
– Светска премиера на филмот „90 минути“ на Иво Трајков на фестивал во Берлин
24 април
– Новиот закон за лустрација помина во Комисијата за политички систем
– Дваесет години монетарна самостојност – Денарот ценета и широко приватлива валута
– Елена Гошева, Никола Ивановски и Сали Мурати, предлози за нови членови на Уставниот суд
25 април
– Презентација на проект за обнова на фасади од стара градска архитектура
– Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола одбележа 33 години постоење
– Собранието усвои Декларација за членство на Република Македонија во НАТО
– Македонија да добие покана за НАТО на Самитот во Чикаго, побара турската заедница во САД
26 април
– Свечена академија по повод 20 години монетарно осамостојување
– Партнерски косултации Македонија – НАТО во Брисел
– Владата предложи мерки за укинување на забраната за откуп на старо железо
27 април
– Првата група холандски туристи пристигна во Охрид
– Македонија и Летонија потпишаа Спогодба за меѓународен превоз во патниот сообраќај
– Потпишан договор за поширока соработка меѓу Република Македонија и НАТО
– Почина поетесата Светлана Христова Јоциќ
28 април
– ДУИ одбележува 10 години од основањето
– ВМРО-ДПМНЕ објави повик за кандидирање претседатели на 38 задгранични комитети. Има конкурс за 21 град во Европа, 12 во САД, два во Канада и три во Австралија.
29 април
– Пуштени во употреба две нови лаборатории на Факултетот за фармација
30 април
– Руската црква најави дека сака да посредува меѓу МПЦ и СПЦ
– Собранието избра тројца судии на Уставен суд
– Екстрадиран грчкиот државјанин Макис Псомијадис
1 мај
– Откриени сторителите на масакрот кај Смиљковско Езеро
– Пожар во зградата на Министерството за правда, брзо локализиран
2 мај
– Македонија стана 15-та членка на Меѓународниот центар за развој на миграциската политика
– МВР поднесе кривична пријавa за „тероризам“ за пет лица, двајца се во бегство
– Изложба за архитектот Кензо Танге, предавање на неговиот син – Пол Норитака Танге
3 мај
– Пуштени од притвор 10 лица, Интерпол трага по двајцата избегани за убиството кај Смиљковци
– Патоказот за целите од пристапниот дијалог со ЕУ презентиран во Собранието
– Владата ја укина забраната за откуп на старо железо
– НБРМ ја ревидира проекцијата за растот на економијата на 2 отсто
– Пуштена во употреба малата хидроелектрана Брбушница во општина Виница
– Објавен тендер за изградба на електронски систем за наплата на патарините долж Коридорот 10
4 мај
– Реакција на Стејт департментот за случајот со петкратното убиство во Македонија
– Сто и девет години од смртта на Гоце Делчев
– Врачена државната награда за наука „Гоце Делчев“
– Протест против акцијата „Монструм“
5 мај
– Клиниката за урологија доби три нови апарати вредни над два милони евра
– Во Горно Соње откриена импровизирана лабораторија за производство на синтетички дроги
6 мај
– Катарска делегација во инвестициска мисија во Македонија
– Ставрески најави кадровски промени во регионални дирекции на УЈП
7 мај
– Пост-мониторинг мисија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа во Македонија
– Почнува снимањето на играниот филм „До балчак”- Приказна од Дивиот исток
– Во Тирана протест поради апсењата во Македонија и во Србија
– Македонците во Србија добија пратеник
8 мај
– ИВЗ: Да се казнат вистинските злосторници за убиството кај Смилковското езеро, осомничените да не се етикетираат без судска постапка
– Мајкрософт и ФИНКИ со договор ја официјализираа соработката
9 мај
– „Џонсон Мети“ гради нова фабрика во Бунарџик, вредна 60 милиони евра
10 мај
– Потпишан Протокол за соработка во земјоделскиот сектор меѓу Македонија и Литванија
– Писмо од премиерот Груевски до лидерите на државите членки на НАТО
11 мај
– Протест поради акцијата „Монструм“ пред Владата – искршени неколку прозорци, во Тетово, Куманово и Гостивар без инциденти
– Министерот Ставрески ги додели одлуките за првите субвенционирани кредити од „Купи куќа, купи стан“
– Прекршочна постапка против пет фирми за договарање цени за лекови на јавни тендери
– Почна изградбата на нов трговски центар во општина Аеродром, инвестиција од 35 милиони евра
12 мај
– Протест на група млади пред македонската Влада
13 мај
– Вицепремиерот Ставрески ги објави кадровските промени во регионалните дирекции на УЈП поврзани со „Детонатор“
– Првите туристи од Белгија пристигнаа на аеродромот „Александар Велики“
14 мај
– Идентификувани 14 учесници во инцидентите при протестот против акцијата „Монструм“
15 мај
– Потпишан договор за одбегнување двојно оданочување со Луксембург
– Потпишан аранжман за соработка во земјоделскиот сектор помеѓу Македонија и Израел
– Презентирана новата Стратегија за соработка на Швајцарија со Македонија
16 мај
– Балканска Млекара нов сопственик на целокупниот имот на Сведмилк
– Промовиран веб сервис за проверка на здравственото осигурување на осигурениците
17 мај
– Попоски: Целта на Македонија е што е можно поскоро да стане полноправна членка на ЕУ и НАТО
– Грчките партии на средбата кај Папуљас договориле вето за Македонија во Чикаго
– Standard&Poor’s го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија
– Два македонски филма наградени на фестивал во Монако
18 мај
– Македонската делегација отпатува на Самитот на НАТО во Чикаго
– Лук Кофи: САД да ја притиснат Грција и да овозможат прием на Македонија во НАТО
19 мај
– Претседателот Иванов се сретна со македонската дијаспора од Краун Поинт, Индијана
20 мај
– Министерството за здравство ја промовираше мрежата за здравствени услуги
– Запленети 16 килограми хероин на Деве Баир
– „Балканот не е мртов“ и „Трето полувреме“ промотивно на Канскиот фестивал
21 мај
– На Самотот во Чикаго повторени заклучоците од Букурешт, Македонија не доби покана за членство но НАТО
– Сервер: Грција ја прекрши пресудата од Хаг и ги намалува шансите Македонија кога било да го смени името
– Собранието не го усвои предлогот за уставни измени поврзани со приватизацијата
– Новиот закон за лустрација на собраниска седница
22 мај
– Робертсон: Срамно е што Македонија не доби покана за НАТО во Чикаго
– „Форин Полиси“: Без прием на нови членки – преседан во Чикаго
– Донесена одлука комплексот клиники во Скопје ќе се вика „Мајка Тереза“
– Милчо Манчевски доби титула Национален уметник
23 мај
– Македонија го презеде поранешниот Генерален конзулат на СФРЈ во Цирих
– ОМД побара прекин на разговорите за името
24 мај
– Премиерот Груевски на прием кај папата Бенедикт Шеснаесетти
25 мај
– Нов правилник за дополнителната работа на лекарите
– Утврдено нарушување на конкуренцијата од „Алкалоид Конс“ и „Д-р Пановски“ во набавката за Онкологија
– Поништен тендерот за полициски возила – невалиден електронскиот потпис на Порше Македонија, Кадис со несоодветна цена
26 мај
– Македонија доби музејска копија од Златната маска пронајдена во Требениште
27 мај
– Паскали: Македонија може и без НАТО, економскиот развој е најдобра гаранција
– „Еуфорија“ на шведската претставничка победник на Евросонг 2012, Калиопи 13-та
29 мај
– Објавен оригинален документ од предлогот на Метју Нимиц од 7 октомври во 2005 година.
– ФЗОМ воведе контрола во втора смена за увид на терен по пријава на осигуреник
– Утврдено нарушување на конкуренцијата од страна на „Алкалоид Конс“ и „Зегин“ во набавки за Онкологија и Клиничката болница Битола
30 мај
– Премиерот Груевски најави дека Владата ќе обезбеди 100 милиони евра за евтини кредити
– На тендерот за продажба на ОХИС не е доставена ниту една понуда
31 мај
– Ставрески: 450 милиони евра за поддршка на економијата
– На ГП „Табановце“ откриени четворица Пакистанци во камион со ориз
1 јуни
– ПЕУ: Македонија неправедно е оставена зад вратите на Алијансата
2 јуни
-Доделени првите лиценци за социјалните работници
-Владата со нов пакет економско-социјални мерки, најави 6 до 8 илјади вработувања
3 јуни
– Податоците за осудените педофили од денеска достапни на интернет
4 јуни
– Министерството за финансии исплати 1,4 милијарди денари за годишна рата од обврзниците за денационализација
5 јуни
– Избрани нови редовни членови на МАНУ
– Одложено судењето за приведен во „Монструм“
6 јуни
– Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2012
– Директни летови Скопје-Дубаи од октомври со авиокомпанијата „Флајдубаи“
7 јуни
– Извештај за состојбата на правата на децата од Македонската национална коалиција на НВО за правата на детето
– „Макоил“ и „Никофон“ со најповолни понуди за парцели за катни гаражи во центарот на Скопје
– Доделен норвешки одбранбен медал за учество во мисијата ИСАФ на лидерот на македонскиот хируршки тим
8 јуни
– Турски Суташ ја презеде Сведмилк, производството почнува на есен
– Промовирани 44 нови клинички упатства
– Дваесет суспендирани работници во УЈП поради „Детонатор“ се враќаат на работа
9 јуни
– Високи температури со ниво на предупредување од прв степен
– Жозеп Дол: Не можеме да го блокираме влезот на Македонија во ЕУ само поради прашањето за името
10 јуни
– Отворен Дневен центар за стари лица и Центар за давање помош во домашни услови
11 јуни
– ДПС ги суспендира односите со Иванов зашто не отишол на инаугурацијата на Николиќ
– Кривична пријава за поранешна директорка на Клиниката за радиотерапија и онкологија
12 јуни
– Повторно се воведува мајчината книшка
– Стипендии за 75 Роми за студирање медицина
13 јуни
– ЗНМ и Владата се договорија за декриминализација на клеветата и за висината на казните
– Десет држави формираа компанија за олеснување на трговијата со електрична енергија во ЈИЕ
– СРД и ја одзеде дозволата на Телевизија А2
– Македонските производи добија безвизен режим со ЕУ, акредитациското тело дел од европската асоцијација
– Робин О Нил: Македонија да побара од ОН да биде примена под уставното име
14 јуни
– Македонија го презема претседавањето со ПСЈИЕ и ќе се фокусира на економската соработка во регионот
15 јуни
– Индискиот мултимилијардер Рој планира голема инвестиција во Македонија
– Македонија полноправна членка на европските комитети за стандардизација
– Отворени 49. Рацинови средби
16 јуни
– Сопственикот и претставници на „Сахара Индија Паривар“ ги посетија Дојран и Охрид
17 јуни
– Индиската делегација ги разгледува туристичките потенцијали на Охридско-Преспанскиот регион
18 јуни
– Презентиран новиот систем за управување со учење на јавната администрација
19 јуни
– Македонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите
20 јуни
– 39. Меѓународна научна конференција за македонски јазик
– Македонија меѓу најдобрите на Балканот во борбата против трговијата со луѓе
21 јуни
– Премиерот Груевски се сретна со Путин во Санкт Петербург
22 јуни
– Македонија се приклучува на проектот „Јужен поток“
23 јуни
– Избрани четири члена во Советот на јавни обвинители
– Исплатени 206 милиони денари субвенции на 11.803 земјоделци
– Пронајдени двајца мигранти од Авганистан во камион пред наплатна рампа Романовце-Куманово
24 јуни
– Груевски: За три дена исплатени 406 милиони денари субвенции за земјоделците
25 јуни
– Економист: Македонија во групата на ниско задолжени земји
26 јуни
– Херојот Миле Стојковски со својата количка на патешествието од Скопје до Лондон пристигна во Брисел
– МНР и врачи протестна нота на грчката амбасадорка Пападопулу за налепниците
– Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски најавија соработка за рушење на власта
27 јуни
– Карл Билд се заложи за отпочнување преговори за членство на Македонија во ЕУ
28 јуни
– Собранието го донесе Законот за заем кај Дојче банка во висина од 75 милиони евра
29 јуни
– Груевски: Исплативме нови 10 милиони евра субвенции, за една недела вкупно 30
1 јули
– Стартува владината мерка за бесплатен одмор на 3.000 деца
– Министерот за здравство Никола Тодоров промовираше 230 ажурирани клинички упатства за медицина базирана на докази.
2 јули
– Германската компанија за производство на автомобилски делови „Кромберг и Шуберт во индустриската зона Жабени во Битола постави камен темелник на новата фабрика.
– Почнува реализацијата на гасоводниот проект во Македонија
3 јули
– Македонија официјално во „Јужен поток. Македонската страна во Русија ја доби нацрт-спогодбата меѓу владите на двете земји за соработка при изградба на гасоводна инфратруктура за испорака на гас во Македонија
4 јули
– ЕК: Македонија ќе се најде во пакетот за проширување на ЕУ за време на кипарското претседателство
– Делегација од „Сахара груп“ од Индија повоторно во посета на Македонија.
– Владата усвои 40 нови мерки од Регулаторната гилотина за олеснување на работата на малите компании
5 јули
– ЕБОР ги продаде своите акции во „Тиквеш“
– Почна тригодишниот македонско-француски проект за подобрување на правосудството
6 јули
– Александар Ѓорѓиев нов портпарол на Владата
– Од недела над 40 степени и многу висок УВ индекс
7 јули
8 јули
– Жолта алертна фаза поради високите температури
9 јули
– МВР разоткри меѓународна криминална група која фалсификувала странски патни и лични исправи, кривична против 18 сторители
– Почнува реконструкција на железничката инфраструктура од Коридорот 10
– Нова Бела книга на одбраната по повод 20 години од формирањето на АРМ
– Совет на Европа: Македонија бележи напредок во спроведувањето на Рамковната конвенција за заштита на малцинствата
10 јули
– Скопскиот и јужниот регион зафатени со топлотен бран од портокалова фаза
– Нов контингент на АРМ замина во мировна мисија ИСАФ во Авганистан
– Стoте милиони евра од ЕИБ достапни за македонските компании
11 јули
-Државната матура положена со просечна оценка 3,10
-НБРМ: Пад од 1,4 проценти на растот на БДП во првиот квартал
12 јули
– Владата со позитивни оценки за финансискиот пазар
– Собранието не ги поддржа измените на Законот за државните награди предложени од опозицијата
– Од денеска достапни нови 10,7 милиони евра за македонските компании
– Спелео-нуркачка експедиција за истражување на пештерата кај изворот на Бабуна
13 јули
– Владата најави дека ќе доделува полна стипендија на секое лице што ќе успее да се запише на докторски или специјалистички студии во областа на медицинските, стоматолошките или фармацевтските науки на еден од стоте најреномирани универзитети во светот.
– Одобрена нова ИПАРД мерка, за набавка на земјоделска механизација
14 јули
– Топлотен бран од портокалова фаза во скопскиот, југоисточниот и пелагонискиот регион
– 50. јубилејна Галичка свадба
15 јули
– Отворено 11. издание на фестивалот „Стоби 2012“
16 јули
– Почна изградбата на висококатниците во Аеродром
– Потпишан договорот за реализација на најголемата германска гринфилд инвестиција во Македонија на германската компанија Лиза Дрекслмајер ГмбХ
– Продолжен рокот за избор на компанија што ќе ги гради Чебрен и Галиште
17 јули
– Стапи во сила новиот Закон за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, кој предвидува јавно објавување на имињата на соработниците на тајните служби
– Владата донесе одлука за доделување три концесии во областа на хирургијата, неврологијата и офталмологијата.
18 јули
– Писмо од Вељаноски до претседателот на грчкиот Парламент, Мимаракис
– Груевски: Унапредувањето на врските со дијаспората е меѓу приоритетите на Владата
– СДСМ и ДПА го објавија договорот за соработка
– Рудникот „Иловица“ даден под концесија, планираната инвестиција 700 милиони евра
– Пет компании доставија понуди на тендерот за полициски моторни возила
19 јули
– Груевски: Во целост исплатени субвенциите за 2011, вкупно 375 милиони евра за пет години
– Владата формира Републичко координативно тело за заштита од шумски пожари
– Собраниска расправа по Информацијата за Проектот Скопје 2014
20 јули
– Почна изградбата на фабриката на белгиски „Ван Хол“, инвестиција 20 милиони евра и 500 нови вработувања
– Ставрески: Пругата кон Бугарија станува реалност, обезбедени средствата за делницата Куманово-Бељаковце
– Згасна Обединети за Mакедонија, членовите одат во ВМРО-ДПМНЕ, мотив е да ги поразат Црвенковски и Георгиевски
– СМК поднесе кривична пријава против Љубчо Георгиевски
– Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ го продолжи проектот за истражување на подвотната пештера Врело
21 јули
– На барање на Јанакиески босанските власти повторно ќе ја отворат истрагата за несреќата на „Кингерот“
22 јули
– Петмина полицајци повредени во сообраќајна несреќа кај Војнички пат
– Кривична пријава за три лица од Скопје кои од фирмата АД „Пелистерка“ краделе диспанзери за вода
23 јули
– Десетина повредени во пожар кај Струмица
24 јули
– Министерот за економија Ваљон Сарачини и главниот и извршен директор на EurOmax Resources Ltd. Марк Густафсон го потпишаа договорот за концесија за експлоатација на наоѓалиштето за бакар и злато Иловица.
– Неформална средба Груевски-Нимиц: Македонија е конструктивна и посакува динамичен дијалог со Грција
– СМК бара Македонија да го продолжи членството во ОН под државното име
– Одбележана 55-годишнината од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
25 јули
– Локализиран пожарот кај Струмица
– Бан Ки-мун најави дека ќе се заложи за решавање на прашањето за името
26 јули
– Во Косово уапсен најбараниот криминалец во Македонија
– Каменувани неколку автобуси на „ЈСП Скопје“
– Одбележување на 49-годишнината од скопскиот земјотрес
29 јули
– Македонците од Егејскиот дел на Македонија по 32. пат се собраа во Трново
– Илчо Ѓорѓиоски избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија
31 јули
– Официјализиран протоколот меѓу Македонија и државите од Бенелукс за преземање на лица со незаконски престој
1 август
– Пуштена во работа ХЕЦ Света Петка
– Стапуваат во сила новите референтни цени на лековите, нови 70 лекови на рецепт без доплата
2 август
– Сто и девет години од Илинденското востание и 68 од Првото заседание на АСНОМ
3 август
– Имињата и досијеата на лустрираните од денеска на интернет
4 август
– Имињата и досијеата на 11 лустрирани објавени на интернет
5 август
– Почина уште едно лице повредено во пожарот кај Струмица
– Објавени на интернет имињата на уште 12 лустрирани
– Писмо на Иванов до рускиот претседател Путин по повод 20 години од признавањето на државноста на Македонија
6 август
– Промовиран Протокол за постапување во случаи на сексуална злоупотреба на деца и педофилија
– Во Струга почна 9. Меѓународен арт фестивал „Езерски бисери“
7 август
– Положени венци пред споменикот на загинатите припадници на АРМ од 2001 во кругот на МО
8 август
– Одбележани 11 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак
– Тројца нови членови во македонската група во Конгресот на САД
9 август
– Арбен Џафери хоспитализиран поради мозочен удар во тешка состојба и во бесознание
– АЕК распиша тендери за 4G и за избор на дигитален оператор
10 август
– Одбележани 11 години од загинувањето на осумте бранители кај Љуботенски Бачила
– Објавени имињата и досијета на уште двајца лустрирани
11 август
– Тодор Петров реизбран за претседател на СМК
12 август
– Прв акциски план за вработување на младите во Македонија
13 август
– Единаесет години од Рамковниот договор
– Министерот за одбрана Фатир Бесими и петмина офицери од АМР положија цвеќе на споменик на припадници на УЧК во Слупчане
14 август
– Претседателот Иванов ги одликува Полкот за специјални операции на АРМ, генералот Арсовски и турската Воена академија
– Индискиот милијардер Субрата Рој најави изградба на „Лас Вегас“ во Македонија
15 август
– Бесими за настанот во Слупчане се повика на Рамковниот договор и Уставот
– Почина Арбен Џафери
– Специјална награда „Златна камера 300“ за австрискиот кинематографер Кристијан Бергер
– 16 август
– Свечена академија по повод 20 години АРМ
– Специјално признание „Пријател на Република Македонија“ за германскиот професор Волф Ошлис
– Украина времено ги укина визите за македонските државјани
17 август
– Меимаракис одговори на писмото од Вељаноски, ќе работел на создавање клима на доверба
– Понудата на „Раикомерц“ за ОХИС одбиена, ќе биде објавен нов јавен повик за продажба
– ЕЛЕМ ја заокружи тендерската постапка за паркот на ветерни електрани „Богданци“
– Свечена академија по повод 110-годишнината од раѓањето на Ченто
18 август
– Честитка од премиерот Груевски по повод Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ и граѓаните од исламска веросиповед
– Со Медал за храброст постхумно одликувани загинатите припадници на вооружените сили
– Владата го комплетира системот за трансплантации на коскева срцевина
– АРМ го прослави 20. роденден
19 август
– Петар Стојчев по единаесетти пат триумфираше на Охридски пливачки маратон
– Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
20 август
– Владата на Репбулика Македонија одлучи да почне со реализација на проектот за комплетна реконструкција и доградба на Универзалната сала во Скопје
21 август
– Собранието не ги усвои заклучоците за проектот „Скопје 2014“, поднесени од опозицијата
22 август
-„Контроверзии на летот Зулу 3 Браво-Алфа-Браво“ – книга за уривањето на авионот на претседателот Трајковски
-Бесими жали ако навредил некого со настанот во Слупчане
23 август
– Создадена правна основа за директни летови меѓу Македонија и САД
– 51. Струшки вечери на поезијата
24 август
– Спречен обид да и се подметнат на Царината 48 милиони неоригинални акцизни маркички
– Македонскиот амбасадор во Грција Стефков се сретна со Аврамопулос
– Предлог на законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства влезе во собраниска процедура.
25 август
– Пет региони зафатени со топлотен бран од портокалова фаза
– ТИРЗ Скопје 1 ги доби сите потребни услови за водење бизнис и привлекување нови инвеститори
26 август
– Сто и две години од раѓањето на Мајка Тереза
– Од 1 јануари идната година ќе следува бесплатно лекување за сите пензионери кои имаат пониска пензија од просечната, одлучи Владата..
27 август
– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за давање над 854 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на социјално необезбедени лица.
28 август
– Заврши првата учебна година на онлајн наставата по македонски јазик за Македонците во Грција
– Судењето против менаџерите на Маѓар Телеком одложено на неопределно
– Православните христијани го празнуваат Успението на Пресвета Богородица
29 август
– Претставници на хотелскиот синџир „Кемпински“ во посета на Македонија
– Потпишани концесиски договори за експлоатација на минерални суровини
– Министерството за одбрана за случајот Слупчане упатува на законите за одбрана и за служба во АРМ
– „Ка-дис“ со најниска понуда за набавка на 150-те полициски возила
– Порше Македонија реагира дека и бил оневозможен пристап на аукцијата за набавка на полициските возила
30 август
– Нов судија во процесот против менаџерите на Маѓар Телеком
31 август
– Македонија нема да го прифати извeштајот на ЕК ако не ја содржи придавката „македонски“
– Злато и светски рекорд за Наковска Бикова на Параолимпијадата во Лондон
1 септември
– Стартува новиот инструмент задолжница
– Владата воспостави Информатичко форензичка лабораторија
– Потпишан Меморандум за отворено небо меѓу Македонија и Холандија
2 септември
-МОН најави формирање бази за докторски, магистерски и специјалистички трудови
3 септември
– Порше Македонија со најдобра понуда на тендерот за полициските возила
– Четири училишта во Чаир ја почнаа учебната година со нови имиња, институциите најавија прекршочни пријави доколку не се вратат таблите со старите имиња
– Апелацискиот суд ја потврди 14-годишната затворска казна за Игор Спасов
4 септември
-Шест компании пројавија интерес за модернизација на патарините
– Надзорна расправа во Собранието за распределбата на субвенциите во земјоделството
5 септември
– Во Собранието почна расправата за законот за бранителите
– Глобален извештај за конкурентност – Македонија го задржа нивото на конкурентност од претходната година и во услови на криза
– Австралиско-новозеландската епархија е поделена на две епархии, првата го задржува своето име како Македонска православна црква-Епархија за Австралија и Нов Зеланд, а втората епархија ќе го носи името МПЦ-Епархија за Канбера, Австралија и Тасманија. Со двете епархии ќе управува еден владика.
6 септември
-И Бугарија најави „црвени линии“
-Владата воспоставува систем за финансиско разузнавање
7 септември
– Плевнелиев: Бугарија нема да прави компромис со својата историја
– Сарачини – Беќај: Македонија и Косово да ги искористат потенцијалите за интензивирање на економската соработка
8 септември
– Македонија слави 21 година самостојност
– Во Перт отворено ново македонско училиште за Денот на независноста на Република Македонија
9 септември
– Отворен 20. јубилеен Меѓународниот фестивал на камерен театар “Ристо Шишков”
– По осум години забрана дозволен лов на риба со блинкер на Охридското Езеро
10 септември
– Распишана објава за изградба на подземна гаража во општина Центар
– ЕK контра Ван Ромпуј: Секоја од земјитe-кандидати за членство може да и се пруклучи на ЕУ по Хрватска
11 септември
– „Македонија 2025“ ги повикува македонските бизнисмени и банкари да учествуваат на Глобалниот инвестициски самит во Охрид
– Европскиот парламент побара да се најдат одговорните за грабнувањето на Масри
12 септември
– Почна судскиот процес за „Детонатор“
– Во болницата „Филип Втори“ извршени првите кардиохируршки операции на деца во Македонија
– Владата го усвои Предлог законот за доброволно здравствено осигурување
13 септември
– Македонија и Норвешка договорија либерализирање на превозот
– Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите
– Македонија официјално го почна претседавањето со Форумот за соработка во безбедноста на ОБСЕ
14 септември
– Самостојниот синдикат на Клинички центар најави штрајк поради моделот плаќање по учинок
15 септември
– Почна изградбата на новиот објект на Институтот за белодробни заболувања во Козле
– Владата го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета
– Отворено првото Советувалиште за превенција од употреба на дроги кај средношколците
16 септември
– Фестивалот „Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“
17 септември
– Македонското вино ќе се извезува на кинескиот пазар
– Австриската осигурителна компанија Виена Иншуренс ја презеде Кјуби Македонија
– Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) постигнаа договор за здружување на синдикалното членство.
18 септември
– Македонскиот јазик започна да се изучува во основно училиште во Јабука, Република Србија
– Постапката за проектот хидроелектрични централи Чебрен и Галиште е прекината поради неприфатливост на доставените понуди.
19 септември
– Министерот Попоски се сретна со политичкиот директор во МНР на Ирска
– Обвинителството отвори предмет за интонирањето на албанската химна на ДУТ
20 септември
– Прва жртва на западнонилска треска во Македонија
– Заменик шеф на пратеничката група на републиканците нов член на македонската група во Конгресот
– Судот привремено го забрани штрајкот на лекарите
21 септември
– Одбиени жалбите „Аутомотив груп“ и „Ка-Дис“, македонската полиција ќе се вози во „шкода јети“
– Златна „Камера 300“ за кинематографката Јоланта Дилевска од Полска
22 септември
– Претседателот Иванов во Њујорк на Генералното собрание на ОН и на средби со Бан Ки-мун и Нимиц
– Нов систем на МВР за електронско полагање на теоретскиот дел за возачка дозвола
23 септември
– Груевски: До февруари следната година ќе биде исплатен целокупниот долг на државата кон стопанството
– Македонски краткометражни филмови дел од Фестивалот за активизам во Белград
24 септември
Министерот Бесими ја промовираше новата Бела книга на одбраната
Лекари од Клиничкиот центар, и покрај судската забрана, денеска одржаа получасовен протест поради новиот модел за пресметување на платите односно плаќањето по учинок.
Потврдени уште два случаја на западнонилска треска
Љубисав Иванов – Ѕинго поднесе барање за престанок на пратеничкиот мандат
Средба Попоски-Аврамопулос во Њујорк
25 септември
– Уште еден смртен случај од западнонилска треска во Македонија
– ОН бара земјите членки да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот суд на правдата
26 септември
– Фармацевтската компанија „Бионика Фармацеутикалс“ денеска ја пушти во функција новата производствена линија за фармацевтски производи.
– Газпром: Подготовките за приклучување на Македонија кон „Јужен поток“ во завршна фаза
– Поставен камен темелник за инвестицијата на холандски VPTEX
27 септември
– Скопска премиера на филмот „Трето полувреме“
– Иванов во Њујорк побара почитување на пресудата од Хаг и достоинствено именување на Македонија
28 септември
– ОМД побара од ОН да ја спроведат пресудата од Хаг
– Уште еден случај на западнонилска треска во Македонија
– Отворени првите фабрики во индустриската зона кај Валандово
29 септември
– Вицепремиерот Ставрески ги додели првите уверенија за вршење сметководствени работи
– Промовирана кампања за борба против беснилото, нова вакцинација на дивите животни во октомври
30 септември
– МИА одбележа 14 години од емитувањето на првата вест
1 октомври
– Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески потпиша договор со ЕБОР за набавка на вагони за МЖ Транспорт АД Скопје.
– Измените на Изборниот законик пред пратениците
2 октомври
– Собранието во прво читање ги прифати измените на Законот за финансирање на партиите и на Кривичниот и на Изборниот законик
– Македонија и Албанија потпишаа Деларација за воспоставување прекуграничен биосферен резерват „Охрид – Преспа“
– Амди Бајрам тврди дека бил уценуван од СДСМ, опозицијата бара обвинителот да ги провери неговите искази
– Промовирана Стратегија за намалување на насилството во училиштата
– Две и полгодишно девојче трета жртва на западнонилска треска во Македонија
3 октомври
– Собранието го усвои законот за навреда и клевета во прво читање
– Отворен Информативен музејски простор на „Александар Велики“
– Камбовски, Мирчев, Смилевски, Трајанов и Садикарио добитници на годинашната награда „11 Октомври“
4 октомври
-Аврамопулос на Попоски му испрати предлог меморандум за разбирање со основните параметри за можно прифатливо решение за името
– Сити мол отворен за потрошувачите
– Нова инвестиција на „Арчелор Митал“ од 3,5 милиони евра во постројка за поцинкување
5 октомври
– Собраниска расправа за доверба на Владата
– ЕК со нова препорака за почеток на преговорите со Македонија и со барање од Советот на ЕУ да го овозможи тоа без одлагање
– Дипломатска белешка на Попоски за писмото од Аврамопулос
– Инцидент во автобус на ЈСП, повредени три лица, деветмина приведени
– Римски гимназион откриен во Хераклеја Линкестис
6 октомври
– Прослава за 45 години од возобновувањето на Охридската архиепископија
7 октомври
– Архимандритот Јосиф хиротонисан за викарен владика на Скопската епархија
8 октомври
– Јанкулоска најави продолжување на истрагата за случајот на претседателот Трајковски
– Институтот за судска медицина доби современа лабораторија за форензични ДНК анализи
9 октомври
– Изложба „Словенски ракописи од Македонија од 13-19 век“ во Белгија
– Потпишан Меморандум за зајакнување на соработката меѓу министерствата за земјоделство на Македонија и на Русија
10 октомври
– ЕК го објави Извештајот за напредокот на Македонија, препорача рамка за решавање на името во рана фаза ако се овозможи почеток на преговорите и ја врати придавката „македонски“
– Костадин Кизов, избран за претседател на Советот на јавни обвинители
11 октомври
– Врачена државната награда „11 Октомври“ за 2012 година
– Кирил Спироски од Правниот факултет со најмногу гласови на изборите за нов лидер на СПУКМ
– Македонија одбележува 71 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ
12 октомври
– Ставрески: ММФ и СБ задоволни од економските политки, СБ ќе ја поддржи Македонија со 250 милиони евра
– На меѓународен собир презентиран статусот на македoнскиот јазик во Грција
13 октомври
-Одбраната во случајот „Телеком“ ја спори надлежноста на американските судови
14 октомври
– Награда за животно дело за Кенго Кума во рамки на Скопската недела на архитектура
– Почна континуирана медицинска едукација на Службите за итна медицинска помош во Македонија
15 октомври
– Санино: Се надеваме дека Советот на ЕУ ќе ја прифати препораката на ЕК
– Македонија го започнува претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа
– ВМРО-ДПМНЕ го повлече законот за бранителите и го поднесе по скратена постапка
16 октомври
– Поранешниот директор на ФЗОМ Ѓорѓи Тренковски ослободен од обвиненијата
17 октомври
– Пожар во вилата „Марија“ во Охрид
18 октомври
– „Кемет електроникс“ ја отвори фабриката во Бунарџик
– Царината и Државното правобранителство потпишаа Протокол за електронска размена на писмена
– Двегодишно дете заболено од вирусот Западен Нил
– Во Битола отворен Почесен конзулат на Унгарија
19 октомври
– Кофи Анан: Македонија беше подготвена на решение, Грција не сакаше
20 октомври
– Оглас за давање под закуп 5.670 хектари државно земјоделско земјиште
21 октомври
– МЕПСО стави под напон нови осум километри од 110 кВ далновод Вруток-Полог-Тетово
– На Деве Баир откриени околу 9,5 килограми хероин
22 октомври
– Владата најави дека ќе објави нов тендер за Чебрен и Галиште
– Од денеска директна авиолинија Скопје – Дубаи
– Изречени пресудите за „Метастаза“
– Продолжено аплицирањето за „Купи куќа, купи стан“
23 октомври
– Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба
– Отворена новата зграда на МНР, Владата продолжува да гради за сите идни генерации
– „Дуинг бизнис“: Македонија лидер за водење бизнис во Југоисточна Европа
– Опозицијата се обедини во „Сојуз за иднината на Македонија“
24 октомври
– АЕК ја избра ОНЕ за дигитален оператор, нема ниту една понуда на тендерот за 4 Г
25 октомври
– Француската и германската полиција разбија мрежа која купувала девојчиња од Македонија и Косово
– Муслиманите слават Курбан Бајрам
26 октомври
– Дијаспората ќе вади пасоши во македонските дипломатски претставништва
– Банка за чување матични клетки – нов владин проект во здравството
– Проекција на „Трето полувреме“ во Лос Анџелес
– ЕБOР: Растот на македонската економија годинава 0,3, а следната 2 отсто
– ДПА ја прекина соработката со СДСМ
27 октомври
– Потпишан договор со ИФЦ за советодавни услуги за реализација на проектот на патниот правец Скопје-Гостивар-Кичево
– Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ доби нов најсовремен објект
28 октомври
– МПЦ изврши канонизација на светите 40 битолски преподобномаченици
– Авиокомпанијата „Виз Ер“ почнува со летови од Скопје до шест европски дестинации
29 октомври
– ДУИ во Собранието достави 15.451 амандман за Предлог-законот за бранители
– Стартува производството на „Текнохосе“ во Бунарџик, инвестиција од 15 милиони евра и 200 вработувања
– Република Македонија од денеска активен и полноправен учесник и во мировните мисии на ЕУ
30 октомври
– МИА домаќин на 21. Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции
– Владата со апел до ДИК да го забрза прочистувањето на Избирачкиот список
– Младенов: Бугарија ја поддржува евроинтеграцијата на Макеоднија, но не по секоја цена
31 октомври
– Собранието едногласно го прифати Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија
– Почнува со работа фабриката „Продис“ на рускиот фармацефтски холдинг „Протек груп“
1 ноември
– Јанкулоска:Целокупната документација од МВР за „Монструм“ е предадена на надлежните институции
– Попоски: Подготвен одговорот на грчкиот Меморандум, оценките на бугарските власти се нереални
– Влaдата го прифати предлотот на пензионерите – линеарно зголемување на пензиите за 550 денари
– Почна примената на здравствената електронска картичка наместо сините картони
2 ноември
– Попоски до Младенов: Можеме да градиме добрососедски односи
– Итна медицинска помош доби 69 нови возила, најавено вработување на 80 доктори
– МИА нов претседавач, а Љупчо Јакимоски претседател на АБНА-ЈИЕ
3 ноември
– Владата го утврди Предлог буџетот за 2013 година
4 ноември
– Министерството за здравство почнува со контрола внесот на податоци во електронските системи во ЈЗУ
– До социјална парична помош само со лична карта
5 ноември
– Европски дипломати за МИА: Бугарското вето нема врска со судирот околу историјата, намерата e да го оттргне фокусот од своите проблеми
– Амбасадорот Стефков во Атина го врачи одговорот на грчкиот меморандум
6 ноември
– БиХ најави дека ќе отвора нова истрага за авионската несреќа на претседателот Борис Трајковски
7 ноември
– Европската комисија го поздрави македонскиот одговор на грчкиот меморандум
– Поранешниот хрватски претседател Месиќ прогласен за почесен граѓанин на Тетово
– Македонија идните две години ќе има поголем раст на БДП од ЕУ и Еврозоната, прогнозира ЕК
8 ноември
– Груевски: Усвоен Предлог-акцискиот план за евроинтеграции за 2013
9 ноември
– Објавен оглас за давање во закуп државно земјоделско земјиште во Свети Николе
– Собранието ги донесе измените на Изборниот законик и на Законот за финансирање на политичките партии
– Декриминализирани навредата и клеветата
10 ноември
– Почна голем инвестициски циклус во железницата
– Струмица од денеска системски гасифицирана
– Иринеј: Нема разговори со МПЦ додека Вранишковски не биде ослободен
11 ноември
-Делавекурас го повика Филе „да си ги преиспита“ ставовите за Македонија
12 ноември
-Македонија воведува систем за надворешна контрола на личните податоци
Младенов: Бугарија нема проблем со Македонија
13 ноември
-Ставрески: Македонија сигурно ќе биде дел од „Јужен поток“
– Се продолжи рокот за неоданочување на приходите на камата на штедните влогови.
14 ноември
-Продолжен рокот за доставување на понудите за продажба на ОХИС
-Работната група на членките на ЕУ дала зелено светло за пакетот проширување пред декемврискиот Самит на Советот
– Почна штрајкот на лекарите
15 ноември
-Доделени првите лиценци за проценители на недвижнини и транспортни средства
-Волерс: Одговорот на грчкиот Меморандум за разбирање е добар, позитивен и чекор напред
16 ноември
– Филе ја поздрави декриминализацијата на навредата и клеветата во Македонија
– Почина актерот Владимир Ангеловски – Дади
– Шефот на Мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав во ЕП говореше за предизвиците и перспективите на нашата Македонија при што Македонците ги нарече Славомакедонци.
17 ноември
– Опозицијата во Парламентот поднесе над 1.200 амандмани
19 ноември
– Иванов го повика Орав поради употребата на „славомакедонци“, тој тврдеше : Немав цел да навредам некого
– Се проширува полициската акција „Керозин“
20 ноември
– Симулациска вежба на ИЛЕЦУ единиците од Македонија, Албанија и Косово во Охрид
21 ноември
– Македонија по десетти пат се разеленува
– Македонија и Албанија ќе потпишаа договор за признавање на возачките дозволи
– Николиќ го отповика српскиот амбасадор во Македонија
– Прв „Синеплекс“ во Македонија
22 ноември
– Киносалите во центрите за култура добиваат нови дигитални проектори
– „Сахара груп“ ќе гради туристичко-станбен комплекс на Охридското Езеро
– „Фајненшл Тајмс“ со позитивни оценки за македонската економија
– Почина писателката Ката Мисиркова – Руменова
23 ноември
– Министерот Бесими отвори спомен соба на генералот Михаило Апостолски
– запалени македонски знамиња во Тирана, за време на посетата на премиерот Никола Груевски на Албанија
24 ноември
– Најавено отворање на Центар за детска офталмологија со украинска помош
– Кралев: Да не се повторат настани и случки што не помагаат за развој на образованието
25 ноември
– Вајгл: Се наближува денот за почеток на преговорите за Македонија со ЕУ
– УКИМ ќе изготвува национална стратегија за семејството, потпишан Меморандум за соработка со Владата
– Албанија ја укина забраната за влез на македонски превозници со повеќе од 200 литри гориво
26 ноември
– МАПАС одбележа 10 години од основањето
27 ноември
– Потпишан Меморандум помеѓу Универзитетот за информатички технологии Свети Апостол Павле и Оукленд Универзитетот
– На „Кафасан“ запленет половина тон марихуана
28 ноември
– Романија најави дека нема да ја блокира Македонија
– Амбасадорите на земјите-членки за утре ја одложија дискусијата за проширувањето на ЕУ и преговорите со Македонија
29 ноември
– НАТО не сака да ги коментира заканите од Златна зора и Бериша кон Македонија
– ЕК бара да се почитуваат границите по изјавата на Бериша за „обединета Албанија”, молчи за заканите од Атина кон Македонија
– Бугарија постави три услови за поддршка на Македонија
– Претседателот Ѓорге Иванов ја откажа посетата на Албанија
30 ноември
– Нема понуди на тендерот за продажба на ОХИС
– Фрлен „молотов коктел“ кај главниот влез на Амбaсадата на САД во Скопје
– Светска банка и одбри на Македонија 50 милиони долари за конкурентни развојни политики
– Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ најавија ќе расправаат за Македонија дури в среда
– Карл Билт со поддршка за преговори со Македонија
1 декември
– Отворен почесен конзулат на Македонија во Лос Анџелес
2 декември
– Ховит: Македонија треба да добие датум за преговори
– Промовирана Националната стратегија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција
– Инспектори од ДСЗИ во контроли низ јавните здравствени установи
– Владата ги укинува и намалува царините од 2013. за повеќе производи
3 декември
– ОМД бара министерство за дијаспора
– Големо археолошко богатство на локалитетот „Црквени ливади“ во Враништа
4 декември
– Попоски до Младенов: Да градиме заедничка европска иднина
– Почнаа дежурствата на матичните лекари во поликлиниките низ Скопје
– Македонските црковни општини од Австралија бараат нов владика
– Лидија Неделкова нов претседател на Врховниот суд
5 декември
– Претставници на МПЦ и на австралиските црковни општини разговараат за недоразбирањата со имотите
– Амбасадорите на земјите од ЕУ разговараа за датум за преговори со Македонија
6 декември
– Македонска делегација на почетокот на изградбата на Јужен тек
– Светска банка работи од 1993. со сите влади и поддршката за Македонија ќе продолжи
– Македонските денови во Париз – начин за запознавање на европската јавност со случувањата во Македонија
– Состанокот на Корепер 2 групата во Брисел прекинат на полноќ токму на точката за Македонија
– Републиканецот Адерхолт стана деветнаесетиот член на Конгресната пријателска група за Македонија
7 декември
– Меѓународен тим ќе го истражува падот на „кингерот“
– На Ќафасан спречен обид за нелегален пренос на 900.000 денари
8 декември
– Амбасадорите на ЕУ не се договорија, судбината на Македонија ќе се крои во вторник
– Вељаноски: Со опструирањето на донесувањето на буџетот се загрозува социјалната димензија на државата
– Полицијата го доби најпозитивниот извештај во изминатите 10 години од ОБСЕ
9 декември
– Владата донесе мерки за привлекување странски капитал и олеснување на реализација на инвестициите
– Премиерот Никола Груевски го поддржа министерот за здравство Никола Тодоров за моделот плаќање по учинок
10 декември
– Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски закажа нова седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика, поради тоа што на претходната се расправа за законот за бранителите
– Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика најави дека нема да претседава со седницата на која се расправа за бранителите
– Филе во последна мисија да издејствува датум за Македонија
– Ставрески: Македонија ќе има штета од 84 милиони евра поради однесувањето на СДСМ
11 декември
– ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија, жестока дебата за (не)доделување на датум за почеток на пристапните преговори
– Почна судењето на Бошкоски за убиството на Тушевски и Јанев
– Бугарија нема да се заложи за датум за Македонија на денешниот состанок на ЕУ во Брисел
– Вељаноски најави дека доколку не се забрза работата на Комисијата за буџет, ќе преземе мерки за деблокирање
– Премиерот Никола Груевски се сретна со претставниците на Самостојниот синдикат на Клинички центар
12 декември
– Синодот по судскиот процес ќе одлучи кон која групација ќе припадне црквата „Св.Петка“ во Рокдејл
– Прва екосоцијална електронска продавница за алтернативен туризам во Македонија
– Македонија по четврти пат не доби датум за преговори за членство во ЕУ, покрај Грција и Бугарија за прв пат се спротивстви на добивањето датум
13 декември
– МНР соопшти дека Унгарија и понатаму ќе продолжи да го користи уставното име на Македонија во билатералната комуникација
– Според официјалните резултати од пописот, во Албанија живеат 0,2 отсто Македонци
– Судот во Стразбур ја објави пресудата за Ел Масри
– Европратениците поделени околу Македонија
14 декември
– Ховит очекува летото 2013 година ЕУ конечно да ги отвори вратите за Македонија
– Средба на претставници на МНР на Македонија и Бугарија
– Малцинствата во Албанија потишаа Декларација против резултатите од пописот
– Европскиот совет усвои пакетот за проширување, за Македонија само надеж, но не и заслужен датум за преговори
– ПССЕ побара Бугарија да ги почитува правата на македонското малцинство
– Здружението на Македонските православни општини во Австралија не прифаќа надлежност на САС врз 14 цркви
15 декември
-Три сценарија за Македонија и Грција на Германски Mаршалов фонд
-Бучковски и Бузлевски исклучени од СДСМ
16 декември
– Комисијата за финансирање и буџет заседава со прекини
17 декември
– Вељаноски предложи решение за деблокада на буџетот, опозиција не го прифаќа
– Три компании заинтересирани за лиценците на Топлификација
– Координацијата кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за деблокирање на донесувањето на Буџетот заврши без договор
18 декември
– Годишно обраќање на претседателот Иванов во Собранието
19 декември
– Нова координација кај Вељаноски за деблокирање на буџетот
– Светска банка: Македонија лидер во унапредување на бизнис климата и земја со умереана задолженост
– Владата објави оглас за геолошки истражувања на 72 локации
– Координацијата за буџетот прекината без договор
– Гувернерот на НБРМ донесе решение за престанување со работа на Штедилницата „Интер Фалко“
– Лино Червар доби македонски пасош
20 декември
– Претресот за случајот „Монструм“ одложен за 9 јануари
– Вицепремиерот Зоран ставрески соопшти дека прифатив 44 амандмани за Предлог-буџетот
21 декември
– Воспоставен целосен катастар на недвижности на територијата на Република Македонија
– Владата предложи – Евтините средства од Светска банка да се користат по избори ,СДСМ да ги прекине блокадите
22 декември
– Пуштен во употреба целосно репариран воз на МЖ „Транспорт“
– Уште една координација за одблокирање на буџетот
– Ставрески: Очекувам буџетот да се донесе до крајот на годината
23 декември
– Венецијанската комисија не знаела дека во Македонија службите се злоупотребувале и по 1991
– Фронт на народот, фронт за Македонија бара итно деблокирање на буџетот
– Премиерот Никола Груевски апелира народот да не се држи во заложништво и да се донесе буџетот
– Почна изградбата на Технолошко-индустриска развојна зона „Гевгелија“, локалитет Прдејци
24 декември
– Протести пред Собранието. Од една страна група која ја поддржува опозицијата, и од друга страна припадници на Фронтот за Македонија кои бараат да се деблокира донесувањето на Буџетот. Помали инциденти пред Собранието, и внатре во Собранието.
– Собранието го донесе Буџетот за 2013 година
– ВМРО-ДПМНЕ: Државниот удар на Црвенковски не помина затоа што победи разумот
– Опозицијата најави дека се повлекува од работата на Собранието
– Реизбран народениот правобранител Иџет Мемети
– Собранието го избра Јован Јосифовски за судија на Уставниот суд
– На Кардиологија првпат алтернативен третман на висок крвен притисок што не се контролира со лекови
– Полицијата го приведе скопјанецот- командант Коки поради напад на службено лице
– Индиска компанија заинтересирана за инвестирање во Малешевијата
###