Кои ќе бидат следните чекори на СДСМ?

Од:

Партискиот врв на СДСМ заедно со сите функционери денеска попладне на заеднички состанок ќе го утврдуваат натамошното дејствување на партијата по најновите настани.

СДСМ бара судските органи да ја завршат, според прописите, а не според партиските желби и наредби, работата околу одредувањето мерка притвор за претседателот на советот на општина Центар и претседател на општинската организација на Центар, на СДСМ, Мирослав Шиповиќ.

Но, велат, како што не смее и нема СДСМ да биде суд, така не смее и ВМРО-ДПМНЕ да се претвори во суд, а МВР да одредува кој е виновен, кој не.

Лидерот на партијата, Зоран Заев, веќе најави дека една од мерките е излегување на нивните членови од работната група која требаше да ги спроведе заклучоците од извештајот за настаните од 24. декември.

Ова ќе ја закочи работата на групата и нема да може да се имплементираат заклучоците на што инсистира Брисел.

Од СДСМ најавуваат дека ќе се преземат и други мерки, кои стојат на располагање на опозицијата.

Какво ќе биде натамошното дејствување на опозициската СДСМ и дали сето ова дополнително ќе ја вжешти политичката сцена, ќе се знае вечерва.

Бојан Стојановски

 

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната