Кога-тогаш криминалот на Груевски и фамилијата ќе излезат на виделина

Од:

„Центарот за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ многу погрешно се пресметал.Во огромна заблуда се ако мислат дека ќе можат сопствениот криминал на Груевски и „фамилијата“ да го сокријат со симнување на нивото на политичка комуникација“, стои во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Изминатите денови, велат,  македонската јавност уште еднаш се увери колку ниско може да падне ВМРО-ДПМНЕ, кога најмува глумци за да измислуваат лаги и конструкции против Бранко Црвенковски и СДСМ.

„Како и да е, ваквите монтирани конструкции и режирани интервјуа не можат да го оттргнат вниманието на јавноста за вистинскиот криминал што се случува сега, во актуелната влада.Кога тогаш, целиот криминал на Груевски и Фамилијата ќе излезат на виделина и одредени функционери во ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се соочат со сопствената одговорност“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија