Кога градоначалникот на Шутка ќе го заврши средното училиште?

Од:

Иако поминаа три години од неговиот мандат, градоначалникот на Шуто Оризари Елвис Бајрам, сеуште молчи и пред медиумите и пред граѓаните, за тоа, кога мисли да го заврши средното училиште.

Како единствен градоначалник во земјава само со осмо одделение, на почетокот на мандатот им вети на граѓатите, планирал да заврши и средно.

Неофицијално, градоначалникот е на половина пат да добие тргодишна диплома за машино бравар во Велес, но за медиумите – нема коментар.

Пример или не, за жителите на Шутка, таткото на општината останува важен човек. Сепак тие му порачуваат, да го загрее столчето и конечно да ја заработи својата диплома.

Во 2008-ма, средното образование стана задолжително за сите основци. Елвис Бајрам беше избран за градоначалник во 2009-та. Правдајќи се за своето образование тој велеше дека имал „уличен факултет“ и тригодишно искуство како советник, па веруваше дека нема да има проблем при извршувањето на градоначалничката функција.

Тогаш сепак, вети дека ќе се запише во средно. Сега, молчи кога го прашуваат за училиштето.

Јасмина Јакимова

 

Би можело да ве интересира

Момче е осомничено дека силувало 14-годишно девојче

Тепачка пред полициска станица во Скопје, уапсени се тројца насилници

Ристовски: Ромите заслужуваат да живеат квалитетно во Шуто Оризари, да имаат квалитетно здравство и образование

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

A1on

Во куќа во Шуто Оризари пронајден е починат 43-годишен маж

СДСМ: Градоначалникот на Шуто Оризари сака да ја задолжи општината со осум милиони евра