А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Коѕијас: Заедничка комисија со Скопје ќе го отстранува иредентизмот од учебниците

by А1он28/09/2017 - 18:4428/09/2017 - 18:44251
Share0

Треба да се почекаат изборите во октомври и да се види дали новата Влада во Скопје ќе ја зацврсти својата позиција за да можеме да влеземе во посериозни преговори за решавање на прашањето за името, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за националната телевизија ЕРТ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според Коѕијас, зад проблемот со името се крие и проблемот со иредентизмот кај северниот сосед.

– Се надевам и верувам дека од нивна страна ќе бидат преземени мерки за ограничување на иредентизмот, вели шефот на грчката дипломатија.

За тоа, како што посочува, во Њујорк разговарал со неговиот македонски колега Никола Димитров, оценувајќи го како „извонредно интересна личност“.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Се договоривме да формираме заедничка комисија од ноември годинава, која во рок од четири месеци ќе треба да си ја заврши својата работа – отстранување на иредентизмот од учебниците и географските карти во нив. Тоа е многу важен чекор, а следуваат и други чекори за кои веќе разговараме, изјави Коѕијас.

Прашан дали е можно приклучување на Македонија во НАТО и во ЕУ без решавање на прашањето за името, Коѕијас нагласува дека е неопходно прво да се затвори ова прашање како што е предвидено и со Привремената спогодба потпишана во средината на 90 години.

– Нашата соседна, и нагласувам пријателска земја, бидејќи нашите народи имаат многу пријателски односи, не може да се приклучи во меѓународните организации како што се НАТО и ЕУ без да се реши прашањето за името, што е предвидено и со Привремената спогодба. Недостатокот на Времената спогодба беше тоа што предвидуваше спорот за името да биде брзо решено што би и овозможило на соседната земја да се приклучи во меѓународните организации, но не предвидуваше кои мерки да бидат преземени ако не се најде решение. Всушност, во изминатите децении немавме суштински преговори, изјави Коѕијас.

За пишувањата во грчките медиуми дека предлогот на Атина за решавање на проблемот е името „Вардарска Македонија“, Коѕијас вели дека од грчка страна не се дадени никакви предлози, а објавените написи во кои се тврди спротивното ги смета за слободни новинарски толкувања.

grcijakotzias

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он05/10/2026 - 10:11

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски29/09/2026 - 10:4129/09/2026 - 15:44

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он28/09/2026 - 09:5528/09/2026 - 09:57

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он28/09/2026 - 09:26

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 09:27

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Катерина Ѓуровски25/09/2026 - 09:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео