Коѕијас во Скопје, проблемот со името не е тема на разговорите

Од:

Во работна посета на Република Македонија е министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Посетата е на покана на заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски .

Министрите ќе одржат билатерална средба на која ќе се разговара за напредокот од имплементацијата на мерките за градење на доверба, како и за низа други теми од регионално значење.

Попоски и Коѕијас, според шефот на македонската дипломатија ќе продолжат да ги релаксираат односите меѓу двете земји, додека решавање на спорот со името останува статус кво.

„Не верувам дека во оваа пригода ќе имаме можност да се зафатиме со негово решавање.Нашите односи се толку комплексни и толку обременети со тој тежок и неправеден проблем веќе долг временски период, што неверојатно е дека тој за неколку недели или месеци ќеисчезне. Треба да ја гледаме пошироката слика, а тоа е дека наместо да одиме во една насока на меѓусебни етикетирања и обвинувања, можеме да одиме во насока на градење подобри грчко-македонски односи во сите области. На тој начин ќе ги намалиме цената на какви било изјави од која било страна што другата страна би можела да ја разбере во негативна конотација, вели Попоски.

Би можело да ве интересира

Коѕијас покрена тужба против Каменос

Сандра Бошковска

Коѕијас: Да прифатиме еден од предлозите на Нимиц

Ана Ололовска

ВИДЕО: Министерот Коѕијас се сретна со премиерот Заев

Ана Ололовска

Попоски: Од утре сме опозиција, ќе бидеме различни од вас

А1он

Во Никозија средба Попоски – Касулидес

Наум Локоски

Попоски на форумот „Еден појас, еден пат” во Пекинг

Наум Локоски