Коѕиас изрази загриженост за стабилноста на Македонија

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас изрази загриженост за стабилноста на Македонија, и изјави дека „нестабилната ситуација во Скопје, во голема мера се должи на недостиг на култура на компромис и консензус“.

Во својот говор на настан организиран од страна на Движењето на идеи и акција ПРАТТО, со кое тој претседава, Коѕиас синоќа се осврна на повеќе прашања.

Во врска со Турција, тој рече дека таа е „нервозна сила“ и оти изјавите со кои се фрла сомнеж врз Договорот од Лозана „кријат тенденција за ревизионизам“. Во однос на Абанија, тој ги повтори петте услови утврдени и прифатени од страна на ЕУ, со цел Тирана да добие датум за почеток на пристапни преговори.

– Во свет кој претендира да ги загуби своите координати и маршира кон хаотични ситуации, Европа не ги сфати промените, или фактот дека иднината на ЕУ зависи од стабилноста во поширокиот регион, рече Коѕиас.

Критикувајќи ја ЕУ, тој рече дека Унијата „не може да се развие во алатка за казнување, без визија“, додавајќи дека се оддалечила од вредностите на солидарност. Тој истакна дека сака „социјална Европа, со користење на човекот како мерка“.

– ЕУ нема визија и ориентација. Таа се стреми да стане еден вид империја, како нов Рим и не може да одговори на повеќе кризи: финансиската, должничката криза, потчинување на пазарите, недостигот на институции, подемот на национализмот, бегалската криза, Брегзит, нејзините односи со Турција. И најважниот дел: ЕУ се соочува со криза во справувањето со кризи, истакна шефот на грчката дипломатија.

Би можело да ве интересира

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он