Коѕиас: Грција ја поддржува унитарноста на Македонија

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас синоќа упати предупредување против оние кои „размислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот“ и менување на границите.

– Грција – и ова, исто така, се однесува на нашиот северен сосед – е цврсто во корист на стабилноста во регионот. Ние сме цврсто во корист на унитарноста на Македонија, ние сме единствените кои дури ни денес не се мешаат во нејзините внатрешни работи, и ние ќе го браниме нејзиното постоење, изјави тој.

Според Коѕиас, „сега сме во ера каде има стабилност, која бара стабилност во меѓународните правила и во спроведувањето на меѓународните односи, но пред се, бара голема почит кон границите“, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

Шефот на грчката дипломатија ова, меѓу другото, го изјави во говор на презентација на книгата на поранешниот министер на ПАСОК, Никос Сифунакис за историјата на грчката заедница на турските острови Ѓукчеада (на грчки познат како Имврос) и Бозкаада (познат како Тенедос).

Би можело да ве интересира

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он