(ВИДЕО) Коциќ: Државничката одлука на мнозинството пратеници го отвори европскиот пат, македонскиот јазик во ЕУ

Од:

Македонското Собрание, со поддршка од мнозинството пратеници, донесе државничка одлука што обезбедува европска иднина за сите наши граѓани со заштитен македонски јазик, идентитет и култура. Во ЕУ влегуваме како Македонци со македонски јазик, со чиста формулација, без фусноти, без дополнителни придавки и објаснувања рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.

-Целата јавност можеше да види во Брисел дека македонскиот јазик е веќе дел од институциите на Европската унија, на официјалните канали на Унијата. Во процесот успеавме да ги заштитиме националните и државни интереси, поставени со Резолуцијата што заеднички ја усвоивме овде во Собранието. Со тоа паднаа во вода сите лаги, манипулации и хистерии што ВМРО-ДПМНЕ и нивниот проруски партнер Левица ги ширеа во Собранието и надвор од него. Од друга страна се уште има молк од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за срамното нивно прифаќање на ознаката НМК за време на самитот на ЕПП.Тоа е голема разликата. Македонски јазик во ЕУ наспроти НМК на Мицкоски на конгресот на ЕПП – вели Коциќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО