Портпаролката на еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Маја Коцијанчич, денеска за „Мета“ појасни дека изјавата на Јоханес Хан за бугарскиот весник „Капитал“ е извадена од контекст.
– Верувам дека изјавата е извадена од контекст. Позицијата на комесарот останува иста како во последното негово соопштение – изјави Коцијанчич за „Мета“.
Бугарскиот весник „Капитал“ на 22 јануари објави интервју со еврокомесарот, во кое на прашањето за изборите во Македонија, Хан изјавил „Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес. На оваа основа можеме да правиме следни чекори и да продолжиме напред“.
