А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Коцијанчич: Политичките лидери да останат посветени на одржување на кредибилни избори

by А1он22/02/2016 - 14:11117
Share0

Ги повикуваме политичките лидери да останат посветени и политичките партии се очекува да работат во насока на остварување чекори што се потребни за одржување на кредибилни избори што е можно побрзо, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич во Брисел. Таа ја потврди оценката што во име на Европската Унија и на Соединетите Американски Држави, синоќа во Скопје, ја соопшти амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, дека се уште не се исполнети условите за фер и демократски избори во Македонија на 24 април.

Добивај вести на вибер

– Имаше развој на настани за време на викендот во БЈР Македонија. Свесни сте дека меѓународната заедница рече пред некое време дека ние ќе оцениме како се одвиваат подготовките за предвремените избори. Овие избори се предвидени со договорот од Пржино како клучен чекор во реформскиот процес што ќе ја врати довербата на граѓаните во изборниот процес, во фер натпревар на идеи и политички перспективи и да се придвижи земјата над политичката криза, рече Коцијанчич на прес-конференција во Брисел.

Според неа, постигнат прогрес во исполнување на дел од обврските од договорот од Пржино, но, сепак, таа истакна, дека тоа не е доволно за Брисел да потврди дека се исполнети условите за одржување на кредибилни избори.

– Оценката покажа дека во оваа фаза, потребните услови за организирање на кредибилни избори на 24 април во моментов не се обезбедени, иако е постигнат прогрес. Во овој контекст, ние веруваме дека сериозни напори на сите засегнати страни се потребни за да се обезбеди дека ќе бидат обезбедени погодни услови за кредибилен изборен процес, каде сите граѓани и партии слободно ќе партиципираат. Ние ги повикуваме политичките лидери да останат посветени и политичките партии се очекува да работат кон потребните чекори што се потребни за одржување на кредибилни избори што е можно побрзо, рече портпаролката Коцијанчич.

izbori

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:50

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен