Кочоски најави реконструкција на базенот во Струга

Од:

Пливањето како спорт повторно ќе заживее во Струга преку реконструкцијата на руинираниот затворен пливачки базен, најави денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Струга од коалицијата „Заедно за Струга“, Владимир Кочоски.

Според него, со самата реконструкција на базенот, кој не е во функција од 2002 година, повторно ќе се создадат услови пливањето во градот да се врати на патеките каде што беше пред неколку години.

– Младите пливачи ги одржуваат своите активности само во летните месеци – јуни, јули и август, кога се врши обука на над 100 деца како пливачи, така и непливачи. Интересот на стружани за овој спорт е огромен и затоа еден од врвните приоритети што ќе ги направиме во соработка со Владата е на ова место да му го вратиме сјајот, детскиот џагор и конечно пливањето како спорт повторно да заживее во Струга, истакна Кочоски.

Со тоа, додаде Кочоски, струшките пливачи повторно ќе бидат учесници на европски првенства, балканијади и разни меѓународни натпревари.

Согласно неговата програма, во наредните четири години вети изградба и на други спорстски објекти.

– Согласно програмата во следните четири години ќе изградиме едно повеќенаменско спортско игралиште кое ќе им биде на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Ќе ги изградиме тениските терени за младите тениски таленти, нудиме изградба на повеќенаменско игралиште за ракомет, одбојка и фудбал на песок, а ќе го поддржиме и проектот „Спортско лето – Спорт за сите“ во соработка со Агенцијата за млади и спорт, рече Кочоски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември