Кочоски: Ја сакам многу хирургијата, но исто толку го сакам и градот

Од:

Заедничкиот кандидат за градоначалник на Струга од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и останатите македонски политички партии доктор Владимир Кочоски денеска ја посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ каде изврши хируршка интервенција на пациент.

Кочоски рече дека никогаш не прави разлика помеѓу пациентите, туку сите имаат подеднаков третман кај него, а како што најави, како иден градоначалник, ќе одговара и на потребите од сите граѓани на општината.

– Мојата професија е благородна. Како хирург во Општата болница во Струга им помагам на сите луѓе. Не правам разлика дали се по етничка припадност Македонци, Албанци, Турци, Роми. На секој кој дошол кај мене, сум му помогнал од срце. Исто така како градоначалник на Општина Струга за потребите на луѓето ќе дадам се од себе, без разлика на каква етничка, верска или политичка опција припаѓаат, изјави доктор Кочоски по излегувањето од операциската сала.

Тој подвлече дека ја сака хирургијата исто толку колку што го сака и градот и како што најави, доколку ја добие довербата на граѓаните, ќе прави напори, барем еден ден во седмицата да им го посвети на своите пациенти.

– Ја сакам многу хирургијата, но исто толку го сакам и градот. Не знам колку ќе можам да се посветам на мојата професија зашто и градот бара целосна посветеност. Искрено се надевам дека ќе најдам барем еден ден во седмицата за да им се посветам на моите пациенти, додаде Кочоски.

Кандидатот за градоначалник на Струга Владимир Кочоски ќе учествува во вториот круг од локалните избори што ќе се одржат в недела, а негов противкандидат ќе биде д-р Зијадин Села од Демократската партија на Албанците.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга