Кочанскиот градоначалник во оставка дава исказ во Обвинителството

Од:

Градоначалникот на Кочани, кој денеска си поднесе неотповиклива оставка, попладнево бил на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани во истрагата за пожарот во дискотеката во којшто животот го загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.

– Во моментов градоначалникот на општината е во зградата и дава исказ, одговори на прес-конференција во Кочани јавниот обвинител Љупчо Коцевски кој рече дека во моментот не може да потврди дека и тој е меѓу осомничените.

Претходно Коцевски кажа дека во Основниот суд во Кочани се држат рочишта по однос на предлозите за краткотраен притвор.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски исто така соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 59 лица се работи на итно процесуирање на 14 осомничени.

Тој информираше дека се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик со казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, што може да се движи до 20 години. Воедно, рече дека се испитуваат дејствија на примање и давање поткуп како и незаконска набавка на пиротехнички средства.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Вештачење: „Пулс“ не смеел да функционира како кабаре, реконструкцијата била нелегална

Горан Наумовски

ВИДЕО: Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“