Коцевски: Стадион, затворен пазар, индустриска зона, гасификација во Велес

Од:

На изборите ќе одлучите кому ќе ја дадете довербата, прво треба да се запрашате дали живеете подобро, дали имате повеќе, дали е градот почист, дали се гради или разградува, дали квалитеот е подобар или влошен. Општината одамна го изгуби приматот на најдобра општина, поразително е што според една анкета, над 80 проценти од младите би го напуштиле Велес ако им се укаже прилика, порача пред жителите на Велес, кандидатот за градоначалник Аце Коцевски.

Kаква иронија, во петок Грувски овде во Велес според веќе виденото клише ќе ги убедува граѓаните дека Велес се сака со дела. Со какви дела кога во Велес нема дела и се фалат со туѓи дела, како хидросистемот Лисиче кој се градеше со децении од владите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, потоа потпорните зидови на Рамина, театарот болницата во Велес. Ако кандидатите ги бираа според делата, ќе го кандидираа актуелниот градоначалник, а не сегашниот кој исто така нема дела зашто е во Советот на општината Велес, рече Коцевски.

Јас ќе бидам градоначалник на сите, заедно со членовите на Советот ќе работиме да го подобриме квалитетот на живеење, мојата визија Велес да е развиена и отоврена напредна општина, со досоинствен живот, на задоволни и среќни граѓани, добра социјална сигурност. Врвен приритет е подобрување на локалната бизнис клима, ќе започнеме со гасификација на Велес, ќе отвориме нова индустриска зона, во наредните години Велес ќе добие нов затворен градски пазар, градски стадион, пешачки парк и градски парк. Велес ќе биде град без азбестни покриви и цевки, вети Коцевски.

Би можело да ве интересира

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД