Коцевски: Нудиме визија за промени во општината

Од:

Посетивме околу 11.600 домови во Велес и околината и врз основа на Вашите предлози, барања и потреби ја напишавме програмата. Во секое наше решение, во секој наш проект се препознава вашиот удел, став и мислење, рече на денешната прес – конференција Аце Коцевски кандидат за градоначалник на Општина Велес од Коалицијата „Сојуз за иднината“, предводен на СДСМ.

Во изминатиот период, потенцира тој, настапивме со позитивна кампања, достоинствено, храбро, принципиелно и домаќински.

– Вашата чест и достоинство не се купуваат со пари и подароци. Сакам, најискрено, со длабока почит да Ви се заблагодарам што ни отворивте врата, што срдечно не примивте и што во најтешкото време ни дававте поддршка да продолжиме по вистинскиот пат, рече Коцевски.

Тој посочи дека заедно со неговиот тим и програма, нудат визија за промени во општината.

Ги повика граѓаните масовно да излезат да ја дадат неговата поддршка, за, како што рече, да покажеме дека заедно можеме уште повеќе да направиме.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија