Коцевски нуди 90 проекти за подобар Велес, планира гасификација

Од:

Гасификација на градското подрачје, како и решавање на проблемот со фекалната канализација се дел од 90-те проекти кои Аце Коцевски ги предвидел за Велес, ако стане победник во градоначалничката трка на локалните избори на 24 март.

Коцевски, кандидат на Сојузот за иднината, денеска ја презентираше програмата, посочувајќи дека таа е изготвувана уште од јуни 2012 година, кога првпат бил промовиран за кандидат за градоначалник.

Коцевски вели дека заедно со неговиот тим уште лани анкетирале 11.600 семејства во општината и притоа ги евидентирале нивните забелешки и идеи.

– Нашата изборна програма содржи близу 90 проекти, кои сами во себе содржат бројни подпроекти. Поделена е во четири дела, од кои првиот ги опфаќа проектите кои се од областа на инфраструктурата. Вториот дел се инвестициите и економскиот развој, третиот е насловен „Подобри улови на граѓаните“, а во четвриот дел се опфатени проектите кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните – рече Коцевски.

Приоритет според него се гасификација на Велес, нов трговски и бизнис центар, довршување на фекалната канализација во село Горно Оризари, изградба на собирни канали за атмосферските води од неколку велешки улици…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија